култура и уметност

Во Скопје отворена изложбата на проектот „Ничија земја"

„Проектот Ничија земја ги обработува миграциските парадигми од секој контекст, економски, присилни, ментални и нуди аритектонски илузии или град без граници, отворен град, односно Ничија земја чија може да биде и сечија", рече Павлевски

Admir Fazlagic  | 17.01.2017 - Обновена : 18.01.2017
Во Скопје отворена изложбата на проектот „Ничија земја" ( Vedat Abdul - Anadolu Agency )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје беше отворена изложбата на проектот „Ничија земја“ на архитектите на проектантското биро „Стоундизајн" од Скопје, кое минатата година ја претставуваше Македонија на 15. Венецинско биенале за архитектура 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Инсталацијата-објект на архитектите Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски лани беше избрана да ја претставува Македонија во Венеција затоа што, според стручната комисија, се работи за директен одговор на темата на Биеналето „Извештај од фронтот“ и дека со самиот наслов „Ничија земја“ проектот посочува на актуелните миграции од секој аспект.

На 15-то Венциско биенале, кое се одржа од 28 мај до 27 ноември 2016, националната архитектура ја претставуваа 61 земја, а првпат учествуваа Казахстан, Нигерија, Филипини и Јемен. Селектор на главната архитектонска изложба беше реномираниот архитект Алехандро Аравена од Чиле, добитник на наградата Прицкер, која често се нарекува и Нобелова награда во архитектурата.

Кураторот на изложбата Стојан Павлески заблагодарувајќи им се на сите учесници во проектот рече дека по зададената тема од зададена од селекторот Аравена одлучија да не одат со чисто архитектонско решение туку архитектурата ја искористика како трансфер кон отворање на една поголема тема која ги задира гео-политичките состојби.

Павлески истакна дека тимот кој работел на спомнатиот проект понудил едно решение за кое ценеле дека повеќе ќе допре до публиката во што, според неговите зборови, не згрешиле. Во прилог на тоја, рече тој, одат и реакциите од изложбите кои ги надминале очекувањата на архитектите.

„Проектот Ничија земја ги обработува миграциските парадигми од секој контекст, економски, присилни, ментални и нуди аритектонски илузии или град без граници, отворен град, односно Ничија земја чија може да биде и сечија. Оттука низ мултикултурни асоцијации ја истражуваме формата и волуменот со свои авторски објекти во корелација со неколку препознатливи објекти на светските автори кои се употребени во делото и заедно тие се дематеријализирани и географски дислоцирани", рече кураторот Павлевски.

Тој рече дека проектот ги задира сферите на јавното и приватното, односно поимот на припадност и неприпадност, но и го поставува прашањето „колку е наше она што го поседуваме".

„Крајна цел и порака на проектот е самопрепознавање на посетителот кој разгледувајќи внатре во делото перпетуално се препознава во еден препознатливо-непрепознатлив но ничии пејсаж односно во нови можни глобални поместувања, одосно себевидување како можен мигрант во понудениот град за сите, или на крајот како горд жител на една земја, ничија, а сечија", истакна Павлевски.

Покровител на изложбата Ничија земј е Министерство култура на Република Македонија, а поддржувачи на проектот се Музејот на современа уметност во Скопје и амабасадата на САД во Скопје.

На изложбата присуствуваа голем број љубители на уметноста, меѓу кои и претставници на државните институции и организации, како и амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли.

Изложбата „Ничија земја“ во Музејот на современата уметност ќе може да се посети до 15 февруари 2017 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın