култура и уметност

Во Скопје се одржа премирата на турскиот филм „Пченица“

Капланоглу во изјава за медиумите истакна дека секокаш кога доаѓа во Македонија, има позитивни искуства и додаде дека за него е многу импресивно да го види одразот на културата во овој регион

Dzihat Aliju  | 19.11.2017 - Обновена : 19.11.2017
Во Скопје се одржа премирата на турскиот филм „Пченица“ (Foto: Vedat Abdul/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на 16. издание на „Cinedays" фестивалот на европски филм, со поддршка на турскиот Институт „Јунус Емре" во Скопје се одржа премиерата на турскиот филм „Пченица“ (Buğday) каде беше присутен и сценаристот и режисерот на овој филм, Семих Капланоглу, јавува Anadolu Agency (AA).

На премиерата на филмот кој се одржа во кино Милениум во Скопје присуствуваа голем број љубители на филмската уметност.

Капланоглу во изјава за медиумите истакна дека секокаш кога доаѓа во Македонија, има позитивни искуства и додаде дека за него е многу импресивно да го види одразот на културата во овој регион.

Капланоглу информираше дека филмот „Пченица“ за прв пат во светот бил прикажан во август месец оваа година, на 23. издание на Сараевскиот филмски фестивал. Тој потсети дека истиот филм потоа бил прикажан во различни градови во светот како Лондон, Келн, Токио и Сао Паоло.

„Овој филм беше избран за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Токио. Освои награди и во филмските фестивали во Малатија и Адана. А на 24 ноември ќе биде прикажан во Турција“, рече Капланоглу.

Од друга страна, директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје Шемсеттин Пекер изрази задоволство што филмот на еден од најголемите режисери на турската кинематографија е прикажан во Македонија.

Во главната улога на филмот играа актерите Жан Марк Бар, Ермин Браво, Григори Добригин и Кристина Флутур.

Инаку, 16. издание на фестивалот на европскиот филм „Cinedays" во чии рамки се прикажани 135 филмови во различни категораии, ќе заврши утре.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.