култура и уметност

Во Скопје ќе се одржи Урбан фест: Ќе настапат уметници од Европа и од регионот

На фестивалот што ќе се одржи на 28 и на 29 април, гости ќе бидат светски познати изведувачи од областа „живи статуи“ и изведувачи на 3Д-графити, рече Војо Цветановски од „ТЕАТРОСК", најавувајќи го Урбан фест

Admir Fazlagic  | 24.04.2017 - Обновена : 25.04.2017
Во Скопје ќе се одржи Урбан фест: Ќе настапат уметници од Европа и од регионот

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје „ТЕАТРОСК", театарска продукција која изведува уличен театар, улични промоции и настани со сличен карактер, одржа прес-конференција на која информираше дека наредниот викенд во Скопје ќе се одржи „Урбан фест“, меѓународен фестивал на живи статуи и други улични уметности, пренесува Anadolu Agency (AA).

На фестивалот што ќе се одржи на 28 и на 29 април, гости ќе бидат светски познати изведувачи од областа „живи статуи“ и изведувачи на 3Д-графити, рече Војо Цветановски од „ТЕАТРОСК", најавувајќи го Урбан фест.

„Ќе учествуваат повеќе перформери кои ќе настапат на 28 и 29 април во Скопје. 3Д уметниците и „живите статуи“ доаѓаат од Германија, Португалија, Холандија, БиХ и од Србија. Ќе има 12 претстави на три улици на плоштадот Јадран во центарот на градот, и исто така музички дел во самата програма, во којшто ќе настапат диџеи од Скопје, а на крајот на самиот фестивал ќе настапи и групата Фолтин“, рече Цветановски.

Нора Шакири, дел од организацијата на фестивалот Урбан фест, рече дека „ТЕАТРОСК", групата што го организира настанот, настапува многу години по Балканот и во Европа, со што дошле до идеја она што тие го виделе да го донесат во Скопје.

„Сакаме светот и Европа да ги приближиме до Македонија и до Скопје. Очекуваме да има многу луѓе, ќе биде изненадување за сите“, рече Шакири претставувајќи го фестивалот.

„Урбан фест“ финансиски е поддржан од општина Центар, а градоначалникот на оваа општина истакна дека за него преставува задоволство што токму општина Центар финансиски поддржува ваков проект.

„Кога одиме по европските и светските метрополи гледаме живи статуи, но тоа го нема во Скопје. Затоа ние треба да бидеме дел од таа улична сцена. Ова треба да биде еден почеток. Се работи за сериосен настан, на кој ќе присуствува и двократен светски шампион во живи статуи, ќе видиме светски познати уметници“, рече Жерновски и ги покани граѓаните на Скопје и останатите да го проследат настанот.

Со оглед на тоа дека се работи за баскинг - оставање прилог на изведувачите, сите артисти одлучија партите што ќе ги соберат да ги донираат во хуманитарни цели, односно за лице кое боледува од рак на желудникот, информираа организаторите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.