култура и уметност

Иран: Прослава по повод доаѓањето на пролетта

Овие денови во градот се поставени големи јајца кои се декорирани на различни начини. Голем број на граѓани се одлучија да го фотографираат овој несекојдневен поглед во иранскион град

Vesna Besiç  | 18.03.2017 - Обновена : 19.03.2017
Иран: Прослава по повод доаѓањето на пролетта

Teheran

ТЕХЕРАН (АА) - Во иранскиот град Техеран со денови се одржуваат различни манифестации пред празникот Невруз или празник на пролетта, јавува Anadolu Agency (AA).

Овие денови во градот се поставени големи јајца кои се декорирани на различни начини. Голем број на граѓани се одлучија да го фотографираат овој несекојдневен поглед во иранскион град.

Пред три дена во Иран, во согласност со подготовките за Невруз, одбележан е и фестивалот „Чахаршанбе сури” за време на кој загинаа три а повредени беа 2.351 лице.

Фестивалот се одржува во знак на славење на доаѓањето на пролетта последната среда во годината по персискиот календар. Тоа е ден кога ширум Иран се одржува фестивал кој најчество се одбележува со прескокнување на оган. Луѓето, по заоѓањето на сонцето, се собирата на улиците, палат и прескокнуваат оган.

По повод прославување на празникот „Чахаршанбе сури” во градот Ердебил на 11 март при палење на огомет дојде до експлозија во една куќа при што загинаа седум лица.

Според лунарниот календар во Иран, Новата година или празникот на пролетта (Невруз), започнува на 21 март.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın