култура и уметност

Отворена изложбата за 15-ти јули во организација на AA и „Јунуз Емре" во Скопје

Во Скопје вечерва во изложбениот салон на Чифте амам во Старата скопска чаршија, беше отворена изложба на фотографии насловена „Триумф на Демократијата", чија тема е обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО на 15-ти јули во Турција

Admir Fazlagic  | 23.08.2016 - Обновена : 25.08.2016
Отворена изложбата за 15-ти јули во организација на AA и „Јунуз Емре" во Скопје

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на претставниците на државните институции и организации, Синан Ертај, заменик на турскиот амбасадор во Скопје, како и голем број на јавни личности, уметнци, академици и многубројни заинтересирани граѓани, под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје, а во соработка на културниот институт „Јунус Емре" во Скопје со Anadolu Agency (АА) во Скопје вечерва во изложбениот салон на Чифте амам во Старата скопска чаршија, беше отворена изложба на фотографии насловена „Триумф на Демократијата", чија тема е обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО извршен на 15-ти јули во Турција , јавува Anadolu Agency (AA).

В.Д. директорот на културниот Институт „Јунус Емре" во Скопје Фуат Коркмаз, во своето обраќање при отворањето на изложбата рече дека турскиот народ ја покажа својата решителност и храброст штитејќи ја својата независност и иднина.

„Обидот за државен удар на 15 јули извршен од страна на припадниците на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани под униформите на турските воени сили кои имаа за цел да го спречат светиот марш кон подобра иднина на нашата земја, беше оневозможен од ценетиот турски народ кој само со храбро срце полно со верба, јуначки им се спротистави на тенковите и хеликоптерите на пучистите. Турскиот народ, уште еднаш, како често пати во историјата, покажа колку одлучно и храбро умее да ја штити својата независност и иднина. На 15 јули, нашиот народ сооединувајќи се, успеа да ја одбрани својата волја од пучистите- предавници", рече Коркмаз, кој се заблагодари на амбасадата на Република Турција во Скопје и новинската агенција Anadolu Agency (AA) и уредникот Аднан Идриз за нивниот удел во организирање на оваа изложба.

Уредникот на Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик на Anadolu Agency (AA), Аднан Идриз, во својот говор пред присутните рече дека обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО, не претставува предавнички напад извршен само врз Турција и турскиот народ, туку предавнички напад и врз сите оние кои ја сакаат Турција и турскиот народ.

„Тој исто така тој претставува предавнички напад и врз Турците од Балканот кои не се државјани на Турција и врз различните етнички припадници кои не се Турци, но ја сакаат Турција и се разочарани. ФЕТО, не само на Турција, туку тој е непријател на сите Турци во светот и на сите оние коишто ја сакаaт Турција. Додека турскиот народ вршеше национална борба, таа вечер овдешниот народ молејќи се со солзи во очите за Турција извикуваше дека `Тие што ја aТурција, не имаат допрено и нас` ", истакна Идриз, изразувајќи благодарност до сите оние кои изразиле загриженост за настаните од 15 јули.

„На тие коишто изразија незадоволство и остро го осудија обидот за државен удар од страна на припаднците на ФЕТО и на припадниците на различни етнички групации, што ја сакат Турција и кои се јавија во канцелариите на Агенција Анадолија (АА) и пренесоа дека `сме загрижени за Турција, како можеме да им помогнеме на Турција и Турскиот народ?` посебно им се заблогдарувам", рече Идриз, кој истакна дека целта на оваа изложба е „да им се покаже на луѓето како еден народ ја бранеше својата татковина".

По повод отворањето на изложбата беше прочитана пораката на турскиот амбасадор во Скопје, Омур Шолендил, во која беше нагласено заедништвото на турските функционери, политички претставници и турскиот народ, во спротиставувањето на обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО.

На изложбата која за посетителите ќе биде отворена 7 дена ќе бидат претставени 52 фотографии од Anadolu Agency (АА), а исто така и видеото на АА направено во врска со обидот за државен удар, насловено „Што се случи на ноќта на 15 јули- Чекор по чекор обид за државен удар ", со превод на албански и на македонски јазик.

Исто така, во септември изложбата ќе се одржи во Приштина и други земји во регионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.