култура и уметност

Со настапот на џез составот Фор плеј, започна 57-то издание на Охридско лето

„Веќе 57 години фестивалот Оридско лето е дел од нашиот пат он моќта на уметноста. По тој пат секоја година минуваат бројни уметници од Македонија, Европа и светот, кои несебично ја споделуваат својата креативност“, рече претседателот Иванов

Miki Trajkovski  | 13.07.2017 - Обновена : 13.07.2017
Со настапот на џез составот Фор плеј, започна 57-то издание на Охридско лето (Foto: Miki Trajkovski/AA)

Ohrid

ОХРИД (АА) - Со палење на фестивалскиот оган на Античкиот театар во Охрид беше означен почетокот на 57- то издание на фестивалот Охридско лето. На отварањето на фестивалот кој ќе трае од 12-ти јули до 20- ти август настапи американскиот џез состав Фор Плеј кој повеќе од два часа ја забавуваа публиката во нивните интерпретации, јавува Anadolu Agency (AA).

Ова е за прв пат фестивалот да биде отворен со настап на џез музичари. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски кажа дека Охридско лето е една од најзначајните културни манифестации во Македонија и пошироко.

„По повеќе од половина век изградба на Охридско лето, манифестацијата стои исправена пред предизвиците на модерното време, новите културни наративи, новите технологии, изрази и новата публика. Сигурни сме дека Охридско лето ќе понуди нова визија за новите времиња“, рече Алаѓозовски.

Од името на уметниците, на отварањето се обрати уметникот, Мето Јовановски.

„Верувам декапо примерот на нашите претци, древниот град Охрид и понатаму ќе биде креативно духовно жариште и прекрасна приказна.Мост за духовно поврзување и негување на културните и духовни вредности како патоказ и ориентир за еден поубав и похуман свет“, рече Јовановски.

На свеченото отварање беа присутни и амбасадорите на ЕУ, САД и Германија, Самуел Жбогар, Џес Бејли и и Кристине Алтхаузер.

Охридско лето годинава ќе понуди богата музичко театарска програма, со вкупно 57 фестивалски програми за 40 дена колкку што ќе се трае. Предвидени се 33 концерти, 9 театарски претстави, 2 балетски претстави како и изложби, а ќе биде прикажан и филм за Охридскот бисер.

Покрај учесници од европските држави, на фестивалот годинава ќе настапат и бројни уметници и ансамбли од Балканот.

На 15- ти јули во предворјето на црквата Света Софија ќе настапи Камерниот театар 55 од Босна и Херцеговина со театарслката претстава Жаба. На 26- ти јули ќе настапи Турској, Камерен оркестар од Турција во Центарот за култура, Григор Прличев.

Турскиот народен театар од Скопје ќе настапи на 30-ти јули со претставата Кралот Лир од Вилијам Шекспир. Голем број уметници од Македонија, како и од европските држави и САД ќе настанат на овој фестивал.

Годинава фестивалот ќе понуди неколку новитети како што џез вечерите каде љубителите на џезот ќе можат да го проследат настапот на неколку џез групи од Европа и Сад.Фетивалот ќе биде затворен со настапот на Македонскиот народен театар со претставата „Ничија земја“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın