култура и уметност

Уметност што бара трпение: Резба на лушпа од јајце

„Во почетокот ги кршев, бев неуспешен, но имав трпение. На крајот успеав. Изминаа 26 години и сега сум многу среќен. Работам со трпение и се обидувам да им дадам живот на јајцата, кои се кршливи и чувствителни", вели Хајран

Harun Kaymaz  | 13.04.2017 - Обновена : 15.04.2017
Уметност што бара трпение: Резба на лушпа од јајце

Bursa

БУРСА (АА) – Хамит Хајран во својата младост работел како столар со татка си, но поради една несреќа при работа, 3 години бил прикован за кревет. Подоцна започнува нова работа која му дава желба за живот, резбање на лушпа од јајце.

Триесет и двегодишниот Хајран при изведувањето работи на четвртиот кат од една зграда, во рацете држел железна цевка со која, за жал, ги допрел електричните кабли покрај зградата, со висок напон од 34.000 волти, при што настрадал од електричен удар. Пред да ја доживее оваа несреќа на работното место, освен со столарија, Хајран се занимавал и со една посебна техника на дрворез, наречена „нахт“. Поради преживеаната несреќа, Хајран бил прикован за кревет 3 години, и веќе не можел да се занимава со столарската и со резбарска работа којашто многу ја сакал.

По несреќата, денес 61-годишниот Хајран е инвалид врзан за својата количка. За време на посетата на Бурса, каде што дошол за да учествува на една активност, во разговор за Anadolu Agency (AA) изјави дека работата со лушпите од јајца му даваат волја за живот.

Хајран вели дека по пробите што го направил за резбањето на лушпи од јајца, се заинтересирал за овој вид уметност.

„Во почетокот ги кршев, бев неуспешен, но имав трпение. На крајот успеав. Изминаа 26 години и сега сум многу среќен. Работам со трпение и се обидувам да им дадам живот на јајцата, кои се кршливи и чувствителни. Можам да работам на лушпа од секаков вид на јајце. Имам изработено резба на јајца од индиско славејче, канаринки, папагали, гулаби, ној, гуска, мисирка, кокошка и од многу други видови птици. До денес имам обработено илјадници јајца“.

„Ако започнете со трпение, така и ќе завршите. Може да се скрши, но зарем луѓето не се „кршат“ едни со други? Доколу некој ме повреди, не треба него да го гледам со непријателство. Треба да го љубам, да го сакам. Ако истото го направиме и со јајцата, можеме да постигнеме успех. Добрите чувства на луѓето јас ги врежувам на јајцата“, вели Хајран, истакнувајќи дека трпението е најзначен фактор во резбањето на лушпа од јајце.

„Не е мое да кажам но, прецизноста и чувствителноста се рефлектираат во уметноста. Уметноста на краснопис (калиграфија) е магична уметност. Многу е тешко да се изрезба јајце. Но, доколку можете врз јајце да го направите она што калиграфот го прави со перото в рака, тогаш можете да бидете занаетчија. Тој што работи само со рацете е работник; тој што работи со рацете и со умот е мајстор, а тој што работи со рацете, со умот и со духот е занаетчија. Занаетчија е тој што знае да се наведне како ‘вав’ (арапска буква), и да стои како ‘елиф’ (арапска буква)“, вели Хајран.

Тој исто така истакнува дека времето потребно за да се изрежат јајцата е од 1 до 30 дена, а потоа јајцата, чија цена е половина лира (0,13 евра), ги продава за 100-200 лири (26-52 евра), а некои од своите изработки ги продава дури и за 3.000 лири.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın