култура и уметност

Шести ден на Венецијанскиот филмски фестивал: Приредена богата содржина

Ова е 74. издание на најстариот филмски фестивал во светот, а годинава претседател на жирито е американската актерка Анет Бенинг

Ekip  | 06.09.2017 - Обновена : 06.09.2017
Шести ден на Венецијанскиот филмски фестивал: Приредена богата содржина (Foto: Primo Barol/AA )

Venice

ВЕНЕЦИЈА (АА) – Во Венеција, во салата Палацо дел касино во Лидо, во тек e 74. Венецијански филмски фестивал – меѓународен филмски фестивал со натрпеварувачки карактер, познат и како Мостра во рамките на кој се прикажуваат голем број различни филмови, јавува Anadolu Agency (AA).

Ова е 74. издание на најстариот филмски фестивал во светот, а годинава претседател на жирито е американската актерка Анет Бенинг.

Во текот на вчерашниот фестивалски ден, меѓу останатите беа прикажани филмовите „Jim & Andy“ (Џим и Енди) – со Џим Кери во главната улога, „Mother“ (Мајка), во којшто главната улога ја играат Џенифер Лоренс и Хавиер Бардем, потоа на репертоарот беше и филмот „Woodshock“ (Вудшок) – со Пилоу Асбек и Кирстен Данст во главните улоги, потоа „Ловинг Пабло“, „Happy winter“ и други.

На овогодишниот Венецијански филмски фестивал ќе бидат прикажани 21 филм, кои се натпреваруваат за највисоката награда што се доделува на фестивалот „Златен лав“.

Овој културен настан кој има долга традиција, предизвикува големо внимание кај љубителите на седмата уметност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.