свет

„Human Rights Watch“ повика да се воведе ембарго на оружје за Мјанмар

ХРВ ги повика светските лидери што ќе се соберат на седницата на Генералното собрание на ОН, да ѝ дадат приоритет на кризата во Аракан и да го осудат варварството што сѐ уште трае

Dildar Baykan  | 18.09.2017 - Обновена : 19.09.2017
„Human Rights Watch“ повика да се воведе ембарго на оружје за Мјанмар АА/Архива

Ankara

АНКАРА (АА) - Организацијата за заштита на човековите права „Human Rights Watch“ (Хјуман рајтс воч) повика да се воведе ембарго на оружје за мјанмарската војска, која води кампања за етнико чистење на муслиманите од Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од ХРВ се истакнува дека вооружените сили на Мјанмар од 25 август спроведуваат акција на убивање, киднапирање, уништивање на стотици села на араканските муслимани, при што стотици илјади лица се принудени на бегство во Бангладеш.

ХРВ ги повика светските лидери што ќе се соберат на седницата на Генералното собрание на ОН, која ќе започне утре во Њујорк, да ѝ дадат приоритет на кризата во Аракан и да го осудат варварството што сѐ уште трае, но и да се овозможи доставувањето на хуманитарна помош до оние на кои таа им е неопходна.

Освен тоа, ХРВ упати повик до Советот за безбедност на ОН да воведе забрана за патување на лицата одговорни за насилство и да се замрзне имотот на тие лица.

Организацијата укажа на потребата за воведување сеопфано ембарго на оружје против Мјанмар, кое би подразбирало забрана на воената соработка и на финансиските трансакции.

Во соопштнието се наведува дека очекуваат да биде доставена хуманитарна помош за населението во Мјанмар, да се дозволи влез на делегацијата на ОН за да се утврди дали се прекршуваат човековите права во земјата и да им се овозможи сигурност на араканските муслимани за враќање во земјата.

„Во првата фаза на СБОН треба да се одржи собир на којшто ќе се разговара за договорот за кризата. Советот би требало да го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да зборува за случувањата во северниот дел на Аракан, кои високиот комесар за бегалци на ОН ги нарече школски пример за етничко чистење. Советот, освен тоа, би требало да разговара за мерките што ќе бидат преземени за лицата одговорни за овие случувања да бидат изведени пред лицето на правдата, вклучувајќи го и Меѓународниот кривичен суд“, наведено е во соопштението.

ХРВ упати повик и до американската Влада и побара началникот Генералштабот на мјанмарската војска, Мин Аунг Хлаинг, да се стави на листата на лица под санкции, на Хлаинг да му се оневозможи пристап до финансиските институции во САД, да му се ограничи патувањето во таа земја и да се замрзне неговиот имот во САД.

Исто така, побарано е и ЕУ и земјите-членки да воведат слични економски и други санкции кон мјанмарската Влада и нејзините официјални лица. Побарано е и ЕУ да го прошири моменталното ембарго кон Мјанмар, вклучувајќи ги сите облици на воена помош.

„Слични мерки би требало да бидат преземени и во Јапонија, Норвешка, Јужна Кореја, Канада и Австралија“, се вели во соопштението.

Во соопштението е дадена и изјавата на Џон Сифтон, шеф на „Human Rights Watch“ за Азија.

Сифтон изјави дека безбедносните сили на Мјанмар вршат етничко чистење на муслиманите Рохинџа.

„Дојде време за преземање остри мерки коишто мјанмарските генерали не ќе можат да ги игнорираат“, изјави Сифтон.

Во нападите на цивилите во Аракан, кои мјанмарската војска ги извршува под изговор борба против вооружените милитанти, од 25 август смртно настрадаа илјадници муслимани. Поради тоа што не е дозволен ниту влез ниту излез од тоа подрачје, невозможно е да се утврди точниот биланс на загинатите. 

Војската и будистичките националисти во нападите запалија или во потполност уништија околу 200 села. Десетици илјади муслимани од Аракан и понатаму се обидуваат преку реката Наф и низ планинското подрачје да побегнат во соседен Бангладеш.

Од 25 август, околу 400.000 муслимани од Аракан побегнаа во Бангладеш. УНИЦЕФ соопшти дека меѓу бегалците од Мјанмар, кои засолниште побараа во Бангладеш, има повеќе од 200.000 деца.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.