свет

„Во камповите во Бангладеш ќе бидат родени 48.000 аракански бебиња"

Се претпоставува дека секојдневно во камповите би требало да бидат родени околу 130 бебиња, со оглед дека на „патот на спасот“ тргнаа голем број бремени жени од Аракан

Ayşe Aktaş  | 05.01.2018 - Обновена : 07.01.2018
„Во камповите во Бангладеш ќе бидат родени 48.000 аракански бебиња" (Foto: Arhiva/AA)

Ankara

АНКАРА/ДАККА (AA) - Во бегалските кампови во Бангладеш оваа година ќе бидат родени најмалку 48.000 аракански бебиња, соопшти невладината организација „Спасете ги децата“ („Save thе children“) со седиште во Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Араканските муслимани Рохинџи веќе со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а од 25 август се соочуваат со нов бран насилства кои во Аракан ги спроведува мјанмарската војска и будистичките милитанти.

Во камповите на југот од Бангладеш се наоѓаат околу 900.000 аракански муслимани. Се претпоставува дека секојдневно во камповите би требало да бидат родени 130 бебиња, со оглед дека на „патот на спасот“ тргнале голем број бремени жени од Аракан.

Оваа невладина организација наведува дека во текот на 2018 година, во камповите би требало да бидат родени околу 48.000 бебиња. Бебињата ќе бидат родени во шатори во кои нема елементанрни услови за живот и со многу лошо опкружување.

Предупредија на ризикот од недоволна исхрана и болести со кои овие бебиња ќе почнат да се соочуваат уште од првиот ден на раѓањето.

Рејчел Камингс, здравствен советник во камповите во Кокс Базар, предупреди дека камповите не се места во кои бебињата би требало да бидат родени.

„Хигиенските услови во камповите се многу лоши и тие се гнездо за болести како што се дифтерија, колера и сипаници. Посебно за новороденчињата чиј организам не е подготвен да се бори со неусловите во кои ќе бидат родени“, појасни Камингс.

Според податоците на „Лекари без граници“ од 25 август се убиени 6.700 муслимани. Досега во соседен Бангладеш, во регионот Кокс Базар пребегаа повеќе од 650.000 бегалци. Сметајќи ги и пребегнатите во претходниот период, во тој бангладешки регион моментално живеат околу 900.000 аракански муслимани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın