Турција

„Во случај на закана за ирачките Туркмени, ќе следи воена интервенција на Турција“

Чавушоглу во интервјуто за турската телевизија „A Haber“ (А Хабер), истакна дека во Уставот на Ирак прецизно се уредени правата и обврските на Курдската регионална влада во северниот дел на земјата и оти референдумот е неуставен

Ecenur Çolak  | 25.09.2017 - Обновена : 25.09.2017
„Во случај на закана за ирачките Туркмени, ќе следи воена интервенција на Турција“

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Анкара изјави дека Турција воено ќе интервенира веднаш, доколку на теренот се појават конкретни закани за браќата Туркмени во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу во интервјуто за турската телевизија „A Haber“ (А Хабер), истакна дека во Уставот на Ирак прецизно се уредени правата и обврските на Курдската регионална влада во северниот дел на земјата и оти референдумот за независност на тој регион е неуставен и неприфатлив.

Шефот на турската дипломатија потсети дека на барање на Туркмените, Уставниот суд го забрани одржувањето на спорниот референдум во северен Ирак, и оти за тоа предупредија сите важни чинители во меѓународната заедница, вклучувајќи ги и ОН, САД, Турција, Велика Британија и Франција.

Во текот на августовската посета на Ербил, Чавушоглу на раководството на Курдската регионална влада му порача дека Турција ги поддржува уставните права на тој регион, но оти изрично се противи на одржувањето на едностран референдум.

„Премиерот на Курдската регионална влада, Нечирван Барзани, изјави дека ќе направи сѐ онака како што кажува Турција, но гледаме дека не се однесуваат така. За нас, тој референдум е ништовен и наш соговорник во иднина ќе биде официјален Багдад“, рече Чавушоглу, кој додаде дека добронамерните совети и предупредувања на Турција не се слушаат и оти ништо веќе нема да биде исто.

Тој потсети дека министрите и претставниците на турската Влада формираа координативно тело коешто, во соработка со ирачката Влада во Багдад, ќе ги одреди идните мерки и санкции, и додаде дека овие мерки наскоро ќе бидат познати.

„За прашањата за границите, царините, нафтата и другите теми, наш соговорник сега е официјален Багдад. Со одлуката за референдумот, Курдската регионална влада се откажа од нејзините права гарантирани со Уставот на Ирак. Со еднострана одлука за референдумот, тргнаа по друг пат, за кој ние им кажавме дека ќе имаат последици, и сега ќе се соочат со тие последици“, изјави Чавушоглу.

Запрашан за тоа колку е блиску или далеку можната турска воена интервенција во северен Ирак, турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, рече дека тоа не може да се одреди така бидејќи сè зависи од ситуацијата на теренот.

„Сѐ зависи од ситуацијата на теренот. Ќе интервенираме веднаш доколку се загрозени нашите браќа Туркмени, но за тоа не постои план. Во исто време, ние тргуваме со Ирак и имаме обврска да го заштитиме нашиот транспорт на стока таму. Ќе ги искористиме сите меѓународни права и во зависност од ситуацијата и во контакт со Владата на Ирак, ќе ги преземеме сите неопходни мерки“, заклучи Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın