Турција

„Германија стана земја која не е во согласност со правното наследство на ЕУ"

Ердоган, денес во Истанбул порача дека Германија паднала во позиција на земја која не е во согласност со правното наследство на ЕУ

Hanife Sevinç  | 18.08.2017 - Обновена : 19.08.2017
„Германија стана земја која не е во согласност со правното наследство на ЕУ"

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул порача дека Германија паднала во позиција на земја која не е во согласност со правното наследство на ЕУ, и ги повика Турците кои живеат таму, на престојните избори да ги поддржат партиите кои не се непријателски настроени кон Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган денес во Истанбул одговараше на прашања на новинарите и се осврна на изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел, која во средата порача дека ЕУ не би требало да влезе во преговори со Анкара околу модернизацијата на веќе постоечката царинска унија.

„Турција нема каква било одговорност кога е во прашање спуштањето на тензиите. Ако некој има одговорност на тој план, тогаш тоа е само Германија, која досега, за време на сите внатреполитички расправии во овој процес со себе ја повлекуваше и Турција, но и другите европски земји“, порача Ердоган и нагласи: „Германија падна во позиција на земја која не е во согласност со правното наследство на ЕУ“.

Зборувајќи понатаму за последните случувања во Германија, Ердоган потсети дека Германија за 25-30 дена ја очекуваат избори, и оти СПД и ЦДУ моментално дејствуваат преку паролата „колку повеќе ја нападнеме Турција, толку повеќе гласови ќе добиеме“.

„На сите наши граѓани во Германија им порачувам, по ниедна цена немојте да ги поддржите. Ни христијанските демократи (CDU), ни СПД, ниту Зелените, сите тие се непријатели на Турција. Поддржете ги оние партии што не се непријателски настроени кон Турција. Бидејќи, всушност, се работи за достоинството на нашите граѓани во Германија“.

На прашањето во врска со синоќешниот терористички напад во Барселона, во кој загинаа 13 лица, а одговорноста ја презеде терористичката организација ДЕАШ, Ердоган изјави:

„Го осудуваме овој напад и нашиот став по тоа прашање е веќе познат. Ние водиме сериозна борба против терористите на ДЕАШ, внатре и надвор од земјата. Како што е познато, само за време на офанзивата 'Штитот на Еуфрат' беа неутрлизирани над 3.000 теориристи на ДЕАШ. За жал, Западот со истата одлучност не прави чекори во борбата против ДЕАШ. Се надевам дека нема да биде така во наредниот период, и оти сите заедно уште поодлучно ќе ја водиме оваа борба“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın