Турција

„Изјавите на германските функционери за приведувањата се неприфатливи"

„Гарантирано е дека во рамките на нашиот Устав ниту еден орган, позиција, власт или лице во земјата не може да му нареди или да даде инструкции, да му даде совети и предлози на судот при вршењето на судската надлежност“, се вели во соопштението

Uğur Çil  | 20.07.2017 - Обновена : 21.07.2017
„Изјавите на германските функционери за приведувањата се неприфатливи"

Ankara

АНКАРА (АА) - Надлежните од турското Министерство за надворешни работи нагласија дека е неприфатлива изјавата на германските владини претставници дадена по приведувањето на германскиот државјанин, Питер Стјудтнер, во Турција. „Гарантирано е дека во рамките на нашиот Устав ниту еден орган, позиција, власт или лице во земјата не може да му нареди или да даде инструкции, да му даде совети и предлози на судот при вршењето на судската надлежност“, се вели во соопштението, јавува Anadolu Agency (AA).

„На средбата одржана во нашето министерство, со вршителот на должноста во амбасадата на Германија во Анкара, во врска со германскиот државјанин, Питер Стјудтнер, кој беше приведен на 18 јули 2017 година, објаснето е дека предметот е упатен до судството, дека треба да му се верува на независното турско судство, и оти од првиот ден на приведувањето на Стјудтнер не се случи некој пропуст во обезбедувањето на конзуларна закрила, во согласност со правилата на меѓународното право“, се наведува во писменото соопштение на Министерството.

Исто така, во соопштението се истакнува дека амбасадорот на Турција во Берлин, Али Кемал Ајдин, дал објаснување и на германското Министерство за надворешни работи врз основа на нивното барање.

„Во изјавите дадени по овие средби, од страна на гласноговорникот на Министерството за надворешни работи на Федерална Република Германија, Мартин Шефер, и гласноговорникот на Федералната влада, Штефен Зејберт, а кои претставуваат пример за дипломатска неучтивост, забележано е дека се користени изрази што ги надминуваат границите, оти директно е интервенирано врз турското судство. Гарантирано е дека во рамките на нашиот Устав, ниту еден орган, позиција, власт или лице во земјата не може да му нареди или да даде инструкции, да му даде совети и предлози на судот при вршење на судската надлежност“, се вели во сооштението.

Исто така, се наведува дека изразите користени во споменатите изјави уште еднаш го покажуваат двојниот стандард во пристапот до правото на тие што ги прифаќаат припадниците на различни терористички организации чија цел е Турција, а спречуваат терористите да бидат изнесени пред правдата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.