свет

„Кина подготвена за развој на соработката со земјите од Блискиот Исток“

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг, во рамките на Самитот на лидерите на БРИКС, кој се одржува во Сјамен, се состанал со египетскиот претседател Сиси

Fuat Kabakçı  | 05.09.2017 - Обновена : 05.09.2017
„Кина подготвена за развој на соработката со земјите од Блискиот Исток“

Hiamen

СЈАМЕН (АА) - Претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, се состана со претставникот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси, и на Гвинеја, Алфа Конде, со кои разговараше за билатералните односи, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Министерството за надворешни работи на Кина е соопштено дека Си во рамките на Самитот на лидерите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), кој се одржува во Сјамен, одделно се состанал со Конде и со Сиси.

За време на состанокот со колегата Конде, Си со гордост зборуваше за развојот на односите меѓу Кина и Гвинеја.

Претседателот на Кина изјави дека земјите треба да ги поддржуваат меѓусебните темелни интереси и грижите да ги дочекуваат со разбирање.

За време на состанокот со Сиси, Си Ѓинпинг изјави дека придаваат голема важност на билатералните односи и оти сакаат да ја продолжат блиската соработка на високо ниво.

Тој изјави дека ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Египет кога станува збор за брзиот развој и за одржување на стабилноста. Кинескиот претседател додаде дека се подготвени на развој на сеопфатната стратешка соработка со земјите од Блискиот Исток.

По состанокот, меѓу Кина и Гвинеја беа потпишани договори од областите економија, технологија, медицинско образование и за климатските промени, а пак меѓу Кина и Гвинеја беа потпишани договори во областите економија, технологија, комуникации и безбедност.

Кинескиот претседател Си претходно се состана и со лидерите на Русија, Мексико, Јужноафриканската Република и на Тајланд.

Самитот кој започна на 3. септември, ќе заврши денес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın