Турција

„На уапсениот вработен на американскиот козулат не му се ускратени правата“

Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, беше гостин на уредничкиот колегиум на АА во Анкара

Aynur Ekiz  | 19.10.2017 - Обновена : 19.10.2017
„На уапсениот вработен на американскиот козулат не му се ускратени правата“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, денеска во Анкара порача дека не се точни тврдењата дека на уапсениот вработен на конзулатот на САД во Истанбул му се ускратени правата, јавува Anadolu Agency (AA).

Ѓул беше гостин на уредничкиот колегиум на АА во Анкара, и во таа пригода се осврна на апсењето на службеникот на Генералниот конзулат на САД во Истанбул, Метин Топуз, односно наводите дека неговите права се ускратени.

„Реакцијата на САД е малку преувеличена, но сите постапки се спроведуваат во согласност со законот и сите права се реализирани. Тврдењата дека тој не можел да се види со семејството и со адвокатот не се точни“, рече Ѓул, нагласувајќи дека Топуз се видел и со семејството и со адвокатите, и дека реакциите на САД се непропорционални.

Ѓул потсети дека Топуз пред сѐ е турски државјанин.

„Тој е турски државјанин, роден е во Турција. А на секој наш граѓанин кој изврши кривично дело ќе му се суди. Ако е невин, тој повторно е наш државјанин и ние сме должни да го штитиме“, порача Ѓул.

Турскиот министер за правда нагласи дека до Соединетите Американски Држави (САД) се упатени пет барања за испорачување на Фетула Ѓулен.

„ Ние поднесовме пет одделни барања за негово испорачување, до САД се проследени скоро 100 досиеја, документи, изјави, признанија и други докази. Ние од САД првенствено очекуваме да одговорат на барањата испратени од судовите“.

Тој се осврна и на меѓусебната суспензија на издавањето визи со САД.

„Вчера имавме состанок со претставниците на САД. Одржан е состанок на којшто присуствуваа заменикот советник на нашиот министер за надворешни работи и претставниците од Министерството за правда. Тоа беше ефикасен состанок. Сметам дека тој би можел позитивно да влијае на наредните етапи“, изјави турскиот министер за правда, Ѓул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın