свет

„Потребно е да се зголеми блиската соработка во борбата против тероризмот”

„Турција добро знае што значи тероризам. Земја која ја плаќа најголемата цена на терорзмот, затоа од почеток велиме дека тероризмот е глобална закана”, порача Јилдирим

Mümin Altaş  | 23.05.2017 - Обновена : 23.05.2017
„Потребно е да се зголеми блиската соработка во борбата против тероризмот” Gökhan Balcı/AA

Ankara

ТБИЛИСИ (АА) - За време на официјалната посета на Грузија, турскиот премиер Бинали Јилдирим најостро го осуди синоќешниот терористички напад што се случи на музичкиот концерт во англискиот град Манчестер, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим со најголема државна почест во Тбилиси беше дочекан од својот грузиски колега Гиорги Квирикашвили, а двајцата премиери по билатералниот состанок и по состанокот на проширените делегации на двете земји, одржаа и заедничка прес-конференција.

Шефот на турската Влада во таа пригода го осуди синоќешниот терористички напад во Манчестер и упати порака на сочувство до владата и народот на Велика Британија.

„Изразувам длабоко сочувство до нашиот пријател и сојузник Обединетото Кралство, како и до семејствата на загинатите, а на повредените им посакувам побрзо оздравување. Најостро го осудувам тој напад. Ние сме земја којашто добро знае што значи тероризам. Земја што ја плаќа најголемата цена на тероризмот, затоа од почеток велиме дека тероризмот е глобална закана и дека борбата против тероризмот треба да биде глобална“, порача Јилдирим во таа пригода.

На почетокот од обраќањето пред новинарите во Тбилиси, Јилдирим изјави дека синоќешниот напад во Манчестер е показател дека е неопходно да се интензивира меѓународната соработка во борбата против тероризмот.

Пред крајот на концертот на поп-ѕвездата Аријана Гранде во „Манчестер Арена“, синоќа одекна силна експлозија во која загинаа најмалку 22 лица, а ранети се 59 лица. Британската полиција ја спроведува истрагата за тој случај, а утринава е соопштено дека станува збор за терористички напад што го извршил бомбаш-самоубиец.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın