свет

„Рака тивко се убива“

Најмалку 1.873 цивили загинаа, а над 450.000 се раселени во текот на операцијата на терористичката организација ПКК/ПЈД во сирискиот град Рака, поддржана од САД

Ekipa  | 17.10.2017 - Обновена : 17.10.2017
„Рака тивко се убива“

Raka

РАКА (АА) - Најмалку 1.873 цивили загинаа, а над 450.000 се раселени во текот на операцијата на терористичката организација ПКК/ПЈД во сирискиот град Рака, поддржана од страна на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Локалната мрежа на активисти, насловено „Рака тивко се убива“, објавено на социјалните мрежи, се наведува дека во рамките на операцијата на ПКК/ПЈД поддржана од страна на САД, која започна на 6 јуни, извршени се 3.829 воздушни напади.

Според ова соопштение, најмалку 1.873 цивили загинале, а над 450.000 се раселени.

Исто така, во соопштението се вели дека во Рака се извршени над 90 самоубиствени напади, а уништени се 8 болници, 29 месџиди, 40 училишта, 5 универзитетски згради и 4 моста. Според изнесените процени, 90 отсто од градот е целосно уништен.

Денес, терористичката организација ПКК/ПЈД во рамките на операцијата поддржана од страна на САД, целосно ја зазеде Рака, која важеше за тврдина на терористичката организација ДЕАШ во Сирија.

ДЕАШ во јануари 2014 година ја зазеде Рака, која се наоѓа во северниот дел на Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın