Турција

„Со операцијата во Африн, јужната граница ќе биде расчистена од тероризмот“

„Шарлатанот од Пенсилванија извртувајќи го исламот за свои лични амбиции и речиси издигнувајќи ја лагата, клеветата и измамата, создаде едно ново верување, една нова религија за себе“

A. Eda Ünlü Özen  | 14.01.2018 - Обновена : 15.01.2018
„Со операцијата во Африн, јужната граница ќе биде расчистена од тероризмот“

Tokat

ТОКАТ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека во наредните денови операцијата за ослободување на јужната граница од тероризмот, чиј прв чекор е преземен со офанзивата „Штитот на Еуфрат“, ќе продолжи со Африн, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган имаше свое обраќање на 6. Обласен конгрес на Партијата за правда и развој (AK Parti) во Токат, при што се осврна на низа прашања, а едно од нив беше и борбата против терористичката организација ФЕТО.

Тој истакна дека нема грев, ниту предавство кое припадниците на ФЕТО нема да го сторат.

„Шарлатанот во Пенсилванија, извртувајќи го исламот за свои лични амбиции и речиси издигнувајќи ја лагата, клеветата и измамата, создаде едно ново верување, една нова религија за себе. Не постои грев, ниту предавство што нема да го направат припадниците на оваа организација, од кои некои ја продадоа својата душа за еден долар, а некои за 50 илјади долари“.

„Со мерките преземени во текот на последните неколку години, ги расчистуваме државните структури од овие подмолни канцерогени ќелии“, рече Ердоган.

Тој додаде дека како што се чистат институциите од припадниците на ФЕТО, Турција станува посилна. Турскиот претседател говореше и за борбата против тероризмот во Турција и Сирија. „Како што не ѝ дозволуваме на сепаратистичката организација активности внатре во рамките на границите, така сме решителни да се бориме со неа и надвор од границите.

Во наредните денови операцијата за ослободување на јужната граница од тероризмот, за што првиот чекор го преземавме со офанзивата „Штитот на Еуфрат“, ќе биде продолжена со Африн“, рече Ердоган.

Тој истакна дека и покрај сè, веруваат во постоењето на заеднички интереси со САД и изрази надеж дека ќе може да се соработува.

Додаде дека ја очекуваат поддршката на САД за легитимните напори на Турција, но, исто така, и за земањето став каков што им доликува кога станува збор за чувствителни прашања.

„Се надевам дека во текот на операцијата во Африн, сите овие сили нема да дозволат да бидат видени во исти редови со терористичката организација“, истакна Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın