свет

„Турција беше мета на отворени напади"

Министерот за надворешни работи на Холандија Халбе Зијлстра, коментирајќи ја операцијата Маслинова гранка во Африн, рече дека Турција беше мета на отворени напади

Abdullah Aşıran  | 23.01.2018 - Обновена : 24.01.2018
„Турција беше мета на отворени напади"

Netherlands

ДЕН ХАГ (AA) - Министерот за надворешни работи на Холандија Халбе Зијлстра, коментирајќи ја операцијата „Маслинова гранка" во Африн, рече дека Турција беше мета на отворени напади, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција беше мета на отворени напади. Постојат доволно показатели за да се брани Турција. ЈПГ не е невин", рече Зијлстра во обраќањето во холандскиот парламент, одговарајќи на прашањата на пратениците.

„Ова не е судир на Турците и Курдите. И во Холандија тоа треба да се сфати на овој начин. Во Владата разговараме за тоа прашање за да во земјата не дојде до ескалација на тензиите", рече Зијлстра.

Истакна и дека Владата на Холандија никогаш не ги поддржувала ЈПГ.

Холандската влада никогаш не ги поддржувала ЈПГ. Постојат силни врски помеѓу ЈПГ и ПКК. ПКК и според Холандија и според Европа е терористичка организација", рече министерот за надворешни работи на Холандија.

Нагласи и дека холандската влада изразува загриженост поради операцијата во Сирија.

„Разговараме со функционерите на Турција. Но, операцијата на Турција не е нелегитимна. Затоа не би било исправно да ја осудуваме операцијата", рече Зијлстра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın