Турција

„Турција задоволна од интензивирањето на соработката со Иран против ПКК“

Турскиот премиер Јилдирим денес се сретна со првиот заменик на иранскиот претседател, Исак Џихангири, и изрази задоволство од сѐ поинтензивната соработка меѓу двете земји во борбата против терористичката организација ПКК

Ayşe Hümeyra Atılgan  | 19.10.2017 - Обновена : 19.10.2017
„Турција задоволна од интензивирањето на соработката со Иран против ПКК“

Ankara

АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара се сретна со првиот заменик на иранскиот претседател, Исак Џихангири, и изрази задоволство од сѐ поинтензивната соработка меѓу двете земји во борбата против терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција и Иран ја делат истата загриженост кога станува збор за иднината на регионот, и ќе ја продолжиме опсежната соработка во процесот на надминување на кризата во северен Ирак“, рече Јилдирим по состанокот.

Кризата во северен Ирак ескалираше на 25 септември кога Регионалната курдска управа спроведе нелегитимен референдум за независност на кој остро се противи Владата на Ирак, но и меѓународната заедница на чело со првите соседи Турција и Иран.

Јилдирим и Џихангири денес во палатата Чанкаја разговараа за билатералните односи меѓу Анкара и Техеран, но и за актуелната состојба во соседните Ирак и Сирија.

Првиот заменик на иранскиот претседател, Џихангири, утре ќе присуствува на состанокот на претставниците на групата Д8 (Developing 8) во Истанбул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın