Турција

„Турција испрати седум барања за испорачување на водачот на ФЕТО“

Пред парламентарниот Комитет за планирање и буџет во главниот град Анкара, Ѓул пред пратениците истакна дека Турција продолжува со напорите за испорачување на Ѓулен од САД

Emin Avundukluoğlu  | 23.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
„Турција испрати седум барања за испорачување на водачот на ФЕТО“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, денес изјави дека Турција досега има испратено седум барања за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).

Говорејќи пред парламентарниот Комитет за планирање и буџет во главниот град Анкара, Ѓул пред пратениците истакна дека Турција продолжува со своите напори за испорачување на Ѓулен од САД.

Министерот, исто така рече дека продолжува судскиот процес против Ѓулен во Турција.

„Од 3 ноември 2017 до САД се испратени седум барања за испорачување и посебно барање за апсење на Ѓулен“, вели Ѓул.

Турскиот министер за правда додаде дека турскиот народ го чека испорачувањето на Ѓулен како нивно законско право во рамките на меѓународното право и билатералните договори.

„Доколку не се преземат потребните чекори во врска со ова прашање, тоа значи дека лицето кое е виновно се заштитува“, додаде министерот.

Ѓулен со децении е жител на американската сојузна држава Пенсилванија.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен се виновни за минатогодишниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција во кој загинаа 250, а беа повредени 2.200 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.