Турција

„Целта на операцијата Маслинова гранка се терористичките организации"

„Операцијата 'Маслинова гранка' не е насочена против било која етничка група, целта на операцијата се само терористичките организации“, изјави Калин

İlkay Güder  | 23.01.2018 - Обновена : 23.01.2018
„Целта на операцијата Маслинова гранка се терористичките организации"

Ankara

АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, денес во Анкара изјави дека операцијата „Маслинова гранка“, која турската војска ја спроведува во Африн, северозападна Сирија, за цел има само терористички организации и не е насочена против некоја етничка група, јавува Anadolu Agency (AA).

„Приоритетна цел на Турција е безбедноста на границите, безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Почитувањето кон територијалната целост претставува важен факт и во оваа операција. Сметаме дека е потребно да се стори она што е во наша моќ за Арапите, Туркмените, Курдите да живеат во безбедност и благосостојба во Сирија. Операцијата 'Маслинова гранка' не е насочена против некоја етничка група, целта на операцијата се само терористичките организации“, изјави Калин.

Toj по завршувањето на состанокот одржан во Претседателската палата во Анкара се обрати преку соопштение во кое истакна дека со состанокот претседавал турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на кој присуствуваа и највисоките турски официјални лица, вклучувајќи го премиерот Бинали Јилдирим и началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар.

Калин нагласува дека тоа бил состанок на кој е разговарано за безбедносната ситуација во Турција, со акцент на воената операција „Маслинова гранка“, која турските сили веќе четврти ден ја спроведуваат во Африн.

„Операцијата е во тек и досега сè оди според планот. Слободната војска на Сирија со поддршка на турската војска ги уништува позициите на терористите и напредува во ослободувањето на тој регион“, истакна Калин.

Тој додава дека турските сили, како и во претходните операции, и овој пат придаваат големо внимание во однос на заштитата на цивилите и доставувањето на потребната хуманитарна помош.

Калин нагласи дека минатогодишната успешна офанзива „Штитот на Еуфрат“, е најдобар пример дека Турција преку своите операции никогаш со себе не носела насилство, крв, солзи ниту зло.

„Напротив, на местата каде што нашата земја стапна, луѓето продолжуваат да живеат во мир и благосостојба. Регионот во кој е спроведена офанзивата 'Штитот на Еуфрат' е најдобар пример за тоа“, порача Калин.

Истакнувајќи дека терористичките елементи шират клевети и лажни вести за операцијата во Африн, Калин ги повика медиумите и јавноста да бидат внимателни.

„Високиот степен на морал на нашите војници и борците на Слободната војска на Сирија е нашата најголема сила. Операциите ќе ги продолжиме сè додека во целост не ги неутрализираме терористичките елементи и додека речиси 3,5 милиони наши сириски браќа не се вратат безбедно во своите домови“, порача Калин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.