политика

БЕСА: Оштетени сме во втората и во шестата изборна единица

Движењето БЕСА поднесе приговори до ДИК, во врска со, како што велат од партијата, неусогласеност на вистинските резултати од теренот со електронските податоци на ДИК

Besar Ademi  | 13.12.2016 - Обновена : 13.12.2016
БЕСА: Оштетени сме во втората и во шестата изборна единица

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Движењето БЕСА поднесе приговори до Државната изборна комисија (ДИК), во врска со, како што велат од партијата, неусогласеност на вистинските резултати од теренот со електронските податоци на ДИК од пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори на 11. декември, јавува Anadolu Agency (AA).

Овој политички субјект смета дека е оштетен за два мандата, во втората и во шестата изборна единица. Претставникот на Движењето БЕСА, Блерим Сејдиу наведе неколку случаи на нерегуларности, како семејно гласање, кинење на гласачките ливчиња спротивно на законот, и не бил ставен печат на гласачките ливчиња, со цел подоцна да се прогласат за неважечки.

„Според нашите анализи, констатираме дека на некои избирачки места во изборната единица 2 и изборната единица 6 имало злоупотреби во изборниот процес. Во овој поглед, откривме дека неправилностите се големи. Сето време во ходниците на избирачките места, биле присутни неовластени лица кои се движат за да извршат притисок врз гласачите“, рече Сејдиу.

Сејдиу рече дека нерегуларности се случиле во неколку избирачки места во регионот на Липково, Арачиново, во планинските области на Тетово и на други избирачки места за кои рече дека биле оштетени со повеќе од илјада гласови на избирачките места.

Во меѓувреме, лидерот на опозициската партија, СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција рече дека првичните резултати ги изненадија граѓаните, но изрази уверување дека во конечните резултати ќе има промени во бројките.

Заев рече дека ќе поднесе приговор до ДИК, бидејќи како што рече, партијата што ја предводи има еднаков број мандати со ВМРО-ДПМНЕ, односно 50 места.

Државната изборна комисија (ДИК), вчера објави дека на предвремените парламентарни избори на 11. декември, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ 49 мандати, ДУИ 10 мандати, БЕСА 5 мандати, Алијанса за Албанците 3 мандати и ДПА освои 2 мандата.

На овие избори беа регистрирани 1.784.416 граѓани, од кои правото на глас го искористија 1.190.491, или 66,86 проценти од граѓаните.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın