Турција

Боздаг: Вонредната состојба ќе биде продолжена уште еднаш

Боздаг на прес-конференцијата по денешната седница на Владата повтори дека Турција од Грција очекува итно испорачување на осумте учесници во обидот за државен удар

Fatih Hafız Mehmet  | 08.01.2018 - Обновена : 09.01.2018
Боздаг: Вонредната состојба ќе биде продолжена уште еднаш

Ankara

АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Бекир Боздаг, денес во Анкара изјави дека вонредната состојба во земјата ќе биде продолжена уште еднаш, јавува Anadolu Agency (AA).

„Вонредната состојба во земјата ќе биде продолжена уште еднаш“, рече Боздаг, не наведувајќи колку долго ќе потрае вонредната состојба.

Вонредната состојба во земјата претхдно беше продолжувана по три месеци.

Инаку, вонредната состојба во Турција е воведена на 21 јули 2016 година, по обидот за државен удар на 15 јули.

Боздаг на прес-конференцијата по денешната седница на Владата повтори дека Турција од Грција очекува итно испорачување на осумте учесници во обидот за државен удар.

Тој изрази задоволство поради денешната изјава на лидерот на опозициската Партија на национално движење (MHP), Девлет Бахчели, во која ја најави поддршката за актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган на изборите планирани за 2019 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın