свет

Бродска несреќа: Спасен е целиот екипаж на рускиот воен брод

Спасен е целиот екипаж на рускиот воен брод кој потона по судирот со транспортен брод на отворено море, на околу 33 километри од истанбулскиот залив од страна на Црното Море

Nurettin Coşkun, Hanife Sevinç  | 27.04.2017 - Обновена : 28.04.2017
Бродска несреќа: Спасен е целиот екипаж на рускиот воен брод

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулскиот теснец, од страната на Црното Море, на оддалеченост од околу 33 километри се судрија транспортен брод кој превезувал животни и руски воен брод, кој по судирот потона. Во брзата акција на спасувачките екипи на турските крајбрежни безбедносни сили, спасен е целиот екипаж на рускиот воен брод, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на крајбрежната полиција, 81-метарскиот транспортен брод „Youzarsıf H.“, под знамето на Того, кој пренесувал животни, се судри со разузнавачкиот брод „Лиманскиј” кој пловел под руско знаме.

На повикот за помош од страна на екипажот, Истанбулската крајбрежна служба испратила три брзи спасувачки брода и три реморкери на местото на несреќата.

Безбедносните екипи спасија 78 руски војници кои се наоѓаа на воениот брод, додека останатите 15 војници се спасени од страна на екипажот на транспортниот брод „Youzarsıf H.“. Кусо време по несреќата, рускиот воен брод потона.

Екипите на крајбрежната полиција го предадоа екипажот на рускиот брод на крајбрежната безбедност, а од таму соопштуваат дека руските војници се во добра здравствена состојба.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.