свет

Инцидент во Њукасл: Сведоците велат дека автомобилот изгубил контрола

Очевидците на настанот истакнуваат дека жена при излегување од паркингот кој се наоѓал во близина, загубила контрола над возилото

İnci Gündağ  | 25.06.2017 - Обновена : 26.06.2017
Инцидент во Њукасл: Сведоците велат дека автомобилот изгубил контрола АА/Архива

London

ЛОНДОН (АА) - Возлиото кое влета меѓу група муслимани во англискиот град Њукасл, излегло од паркингот кој се наоѓал во близината на спортската сала, пренесува Anadolu Agency (AA).

Локалните медиуми во Англија објавија информации, базирани врз искази на очевидците, во кои се наведува дека возилото кое влета меѓу група муслимани на тротоарот близу спортската сала „Вестгејт” во англискиот град Њукасл, излегло од паркингот кој се наоѓал во близината на овој спортски објект.

Очевидците изјавиле дека жена којашто управувала со возилото, при излегувањето од паркингот ја загубила контролата врз возилото, и истакнаа дека забрзаното возило се упатило кон групата луѓе кои се наоѓале на тротоарот.

Очевидците соопштија дека полицијата којашто се наоѓала на местото на несреќата веднаш ја привела жената која управувала со возилото.

Според соопштението на полицијата на Нортамбрија, на местото на настанот се упатени голем број полициски екипи за да се обезбеди населението во околината.

Освен приведената жена, не е приведен друг осомничен. Полицијата започна истрага во врска со настанот, разговарајќи со очевидците, и соопшти дека засега не постои сомневање дека настанот претставува терористички чин.

Англискиот печат објави дека несреќата се случила во утринските часови пред спортски центар, каде што имало голем број муслимани, граѓани на Велика Британија, кои дошле да присуствуваат на активностите по повод празникот Рамазан Бајрам. Луѓето во кои удрило возилото биле муслимани што дошле пред спотската сала „Вестгејт” за да си го честитаат празникот.

Полицијата на Нортамбрија соопшти дека во 9:14 часот по локално време добиле дојава дека возило влетало во пешаци на тротоарот пред Спортскиот центар „Вестгејт“.

Во несреќата повредени се 6 лица, од кои 3 се деца.

Во тек е испрашувањето на 42. годишната жена која управуваше со возилото, со цел да ги открие причините за несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.