политика

Во македонската армија пристапија 90 нови војници, меѓу кои и 6 жени

Во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод пристапувањето на 90 млади професионални војници во служба во Армијата на Република Македонија, а меѓу нив има и шест жени-војници

Besar Ademi  | 09.03.2017 - Обновена : 10.03.2017
Во македонската армија пристапија 90 нови војници, меѓу кои и 6 жени

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод пристапувањето на 90 млади професионални војници во служба во Армијата на Република Македонија, а меѓу нив има и шест жени-војници, јавува Anadolu Agency (AA).

Пред младите професионални војници и пред претставниците на Генерал-штабот на Армијата на Република Македонија се обрати министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој истакна дека оваа година е значајна за македонската армија, бидејќи Армијата на Република Македонија ќе го одбележи 25-годишнината од своето основање.

Јолевски рече дека македонската Влада е посветена на зајакнувањето на армијата, бидејќи според него, војската мора да бидe подготвенa да ги брани националниот и територијалниот интегритет на земјата.

„Денес, сите вие припадници на Армијата на Македонија, без разлика дали сте старешини или професионални војници, морате да знаете дека професионалноста се докажува постојано, со секојдневно изведување на поставените задачи, без разлика каква должност ви е дадена. Вашата основна функција е борбената готовност, што значи подготвеност да се исполни уставната функција на АРМ, како гарант за територијалниот интегритет, суверенитет, независност и унитарниот карактер на Република Македонија“, рече министерот Јолевски.

На 18. август оваа година, Армијата на Република Македонија ќе ја одбележи 25-годишнината од Денот на Армијата на Република Македонија. Инаку, некои воени единици учествувале и во меѓународни активности за обука со армиите на земјите-членки на НАТО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.