свет

Германскиот претседател Гаук: Кохезионата сила на ЕУ е ослабена

Гаук, чиј мандат истекува во текот на следниот месец, во главниот град на Германија, во Берлин одржа проштално обраќање насловено „Како мора да изгледа нашата земја?“

Evren Aydemir  | 18.01.2017 - Обновена : 19.01.2017
Германскиот претседател Гаук: Кохезионата сила на ЕУ е ослабена

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Со доаѓањето на новиот американски претседател, Доналд Трамп, се соочуваме со нови испити во однос на меѓународниот поредок, НАТО, но и во однос на прашањето за трансатлантските односи, изјави денеска германскиот претседател во заминување, Јоаким Гаук, во текот на својот проштален говор во Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).

Гаук, чиј мандат истекува во текот на следниот месец, во главниот град на Германија, во Берлин одржа проштално обраќање насловено „Како мора да изгледа нашата земја?“.

Тој истакна дека Германија се соочува со големи опасности и закани, и нагласи дека е потребно да се вложат големи напори за да се надминат овие опасности, а со тоа Германија и во иднина да остане силна.

„Кохезионата сила на ЕУ е значително ослабена. Сомнежите во земјата се поттикнати однадвор. Првпат една земја сака да ја напушти ЕУ. Судирите на Блискиот Исток и во источниот дел на Украина, потоа окупацијата на Крим од страна на Русија, покажаа ограничени можности за чекори во надворешната политика на Германија и на ЕУ. Опасноста од верски радикализам е сè поголема. Со доаѓањето на новиот американски претседател, Доналд Трамп, соочени сме со нови испити во однос на меѓународниот поредок, НАТО, но и во однос на трансатлантските односи“, рече Гаук.

Германскиот претседател порача дека иако постојат значителни закани и опасности, тие не се несовладливи.

„Покрај сите проблеми, во двете области е остварен значителен напредок. Бројот на мигрантите и илегалните преминувања во Германија и во цела Европа се значително намалени. Она што секако треба да го знаеме е дека доколку не ги обезбедиме надворешните граници на Европа, ако не ја развиеме нашата политика на тој план и не ги подобриме условите во земјите од кои доаѓаат мигрантите, во иднина ќе бидеме повторно соочени со големи кризи“, рече Гаук.

Претседателските избори во Германија ќе се одржат на 12 февруари оваа година, а според досегашните анкети, на позицијата шеф на државата би можел да дојде кандидатот на владејачката коалиција и актуелен министер за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın