политика

Движењето БЕСА не го поддржува кандидатот на ДУИ за претседател на Собранието

„Ако вака почнуваат реформите, тогаш ова значи дека ние имаме погрешна перцепција на терминот реформи...”

Besar Ademi  | 27.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
Движењето БЕСА не го поддржува кандидатот на ДУИ за претседател на Собранието

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Движењето БЕСА нема да го поддржи кандидат од редовите на ДУИ, Талат Џафери, за претседател на Собранието на Република Македонија, предлог кој беше доставен претходно во Парламентот од страна на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, бидејќи, како што смета Движењето БЕСА, ова е наметнат предлог, јавува Anadolu Agency (AA).

Пратеникот од редовите на Движењето БЕСА, Африм Гаши, рече дека БЕСА имала свој предлог-кандидат за претседател на Собранието, но СДСМ избрал да соработува со ДУИ. Според него, предложениот кандидат за претседател на Собранието има минато со бројни повреди на законот и нема да придонесе за новата најавена реформска влада.

„Ако вака почнуваат реформите, тогаш ова значи дека ние имаме погрешна перцепција на терминот реформи. Ако со ДУИ започнува првата алка на реформите, тогаш ви благодариме, но не можеме да бидеме дел од тие реформи”, рече Гаши.

Според Гаши, причината за оваа длабока политичка криза е владеењето на ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ, кои во последните десет години, додаде тој, остававија зад себе оркестрирани политички процеси, сиромаштија, иселување и отстапување од европската интеграција на земјата.

„Ние остануваме посветени на реформската агенда на земјата и евроатланскиот курс на Македонија, за спроведување на Заедничката декларација на албанските партии во Македонија, а особено спроведувањето на нашата платформа, верувајќи дека единствената агенда за Македонија да стане рамноправна, демократска, функционална и развиена држава", истакна Гаши.

Претходно, пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, изјави дека со потпишувањето на 20 пратеници веќе е поднесен како предлог за нов претседател на Собранието кандидатот на ДУИ, Талат Џафери.

Во меѓувреме, дебатата во врска со предлозите за избор на претседател, потпретседател и членови на Комисијата за избори и именувања беше прекината и ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Потврдување на составот на Комисијата е предуслов за продолжување на конститутивната собраниска седница, која започна на 30 декември минатата година, но беше прекината поради тоа што не беше утврдено парламентарно мнозинство за избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın