свет

Денот на Свети Патрик во Чикаго: Сè во знакот на зелената боја

Во Чикаго и оваа година доминантна е зелената боја, со која е обоена и истоимената река во градот, а сè се случува во рамките на одбележувањето на празникот Свети Патрик

Bilgin S. Şaşmaz  | 12.03.2017 - Обновена : 13.03.2017
Денот на Свети Патрик во Чикаго: Сè во знакот на зелената боја

Chikago

ЧИКАГО (АА) - Во рамките на одбележувањето на Денот на Свети Патрик во Чикаго се одржа 62. Традиционална прошетка, каде што, и покрај големиот студ, присуствуваа неколку илјади луѓе облечени во зелени костими, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Чикаго и оваа година доминантна е зелената боја, со која е обоена и истоимената река во градот, а сè се случува во рамките на одбележувањето на празникот Свети Патрик.

Зелената боја и детелината со четири листа се симболи на тој празник, кога католиците на еден ден го прекинуваат постот, поминувајќи го во забава и танц.

И покрај тоа што денот на свети Петар е најкарактеристичен за Ирска, секоја година тој ден се одбележува и во други земји, вклучувајќи ги и САД.

Илјадници Американци се упатија кон брегот на реката Чикаго за да се фотографираат, а Рајан Шепек ја искористи можноста на романтичен начин да ја запроси неговата сакана Фалон Хејгуд.

Рајан, сепак, направи мала грешка, бидејќи по прифаќањето на неговата понуда за брак, тој увидел дека купил премногу мал прстен за неговата избраничка.

Во прошетката низ градот учествуваше и градоначалникот на Чикаго, Рам Емануел, а неколку американски телевизии во живо го пренесуваа настанот кој е организиран со зајакнати безбедносни мерки.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın