свет

Египет со повик за меѓународна изолација на американската администрација

Комисијата за арапски прашања на египетскиот Парламент упати апел за спроведување меѓународна, политичка и дипломатска изолација против администрацијата на САД

Gülşen Topçu  | 18.12.2017 - Обновена : 19.12.2017
Египет со повик за меѓународна изолација на американската администрација

Kairo

КАИРО (АА) - Комисијата за арапски прашања на египетскиот Парламент, во знак на реакција против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за принавање на Кудс за главен град на Израел, упати апел за спроведување меѓународна, политичка и дипломатска изолација против администрацијата на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Треба да продолжат активностите во арапските и исламските земји. Целта не треба да биде само преговорите меѓу Палестина и Израел, туку изнаоѓање на конечно решение за палестинското прашање“, се навадува во писменото соопштение на оваа комисија.

Во соопштението се укажува на потребата за спроведување меѓународна, политичка и дипломатска изолација против администрацијата на САД. Исто така, се вели дека потребно е меѓународните закони да бидат функционални против САД, кои на Израел му дадоа зелен сигнал за притисок врз палестинскиот народ и за проширување на населбите како и за јудаизација на Кудс.

Како што се наведува во соопштението, Египет се подготвува за изготвување нацрт-одлука за решавање на прашањето околу Кудс преку преговори, која ќе биде поставена пред Советот за безбедност на ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın