свет

Економски форум на Кина и земјите од Централна и Источна Европа

Во Будимпешта се одржува Економскиот и трговски форум на Кина и земјите од Централна Европа, на кој свое обраќање имаше премиерот на Кина, Ли Кеќанг

Mehmet Yılmaz  | 27.11.2017 - Обновена : 28.11.2017
Економски форум на Кина и земјите од Централна и Источна Европа Извор: MTI

Budapest

БУДИМПЕШТА (АА) - Премиерот на Кина, Ли Кеќанг, изјави дека во последните години сериозно е зголемена економската соработка меѓу Кина и земјите од Централна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Будимпешта, главниот град на Унгарија, се одржува Економскиот и трговски форум на Кина и земјите од Централна Европа, на кој свое обраќање имаше премиерот на Кина, Ли Кеќанг.

Тој изјави дека економската соработка меѓу Кина и земјите од Централна Европа е од интерес на сите земји. Од аспект на глобалниот развој, соработката меѓу Кина и земјите од Централна Европа е рационална и во тие рамки, премиерот Кеќанг рече дека тие меѓусебно се надополнуваат.

„Сериозно е зголемена економската соработка меѓу Кина и земјите од Централна Европа“, истакна кинескиот премиер.

Освен тоа, премиерот Кеќанг изјави дека Кина забележала голем развој од економски аспект, истакнувајќи дека секоја година се основаат голем број нови фирми и се прави модернизација во традиционалните сектори.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, за европскиот континент рече дека подрачјето на Централна Европа е регион со највисоко ниво на конкурентност, истакнувајќи дека се очекува динамичен раст во подрачјето.

Орбан изјави дека во период кога Европа се соочува со многу проблеми, не е добро да се остане затворен само во рамките на континентот.

„Доколку Европа остане затворена во сопствените граници, особено соочувајќи се со историските проблеми, ќе ја загуби можноста за развој”, рече унгарскиот премиер Орбан.

Освен тоа, Орбан истакна дека успешната соработка на Кина и земјите од Централна Европа ќе обезбеди добивка за целиот континент.

- Заев на Самитот за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Кина -

Македонскиот премиер, Зоран Заев, заедно со македонската делегација учествува на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина (16+1), кој денес започна во Будимпешта.

Премиерот Заев, како што соопштиja од владината прес-служба, имал свое обраќање на пленарната сесија на економскиот, трговскиот и финансиски форум на овој самит, претставувајќи ги позициите на Македонија пред останатите претседатели на влади на Самитот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın