свет

Ердоган до ЕУ: „Дајте отчет ако не сакате да нѐ примите“

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги повика лидерите на Европската Унија (ЕУ) јасно да кажат дали сакаат да ги продолжат преговорите за членството на Турција

Ekipa  | 17.10.2017 - Обновена : 18.10.2017
Ердоган до ЕУ: „Дајте отчет ако не сакате да нѐ примите“

Varsava

ВАРШАВА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика лидерите на Европската Унија (ЕУ) јасно да кажат дали сакаат да ги продолжат преговорите за членството на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Постојано велам, ЕУ нека одлучи и нека ни кажат доколку не сакаат да нѐ примат, да знаеме. Да не се заморуваме со тоа, ниту пак вие нас да нѐ заморувате. Да го завршиме тоа. Тие не ја донесуваат таа одлука, но ние тоа го чекаме. Нема да бидеме оние што бегаат“, истакна Ердоган за време на официјалната посета на Полска.

По состанокот со претседателот на Полска, Анджеј Дуда, Ердоган на заедничката прес-конференција истакна дека делегациите на Турција и на Полска покажале одлучност за унапредување на билатералната соработка на сите полиња.

Ердоган изјави дека Турција и Полска имаат 118,5 милиони жители и оти тоа е потенцијал за значително унапредување на соработката и на трговската размена, а особено нагласи дека Турција ќе даде поддршка за време на претстојното привремено членство на Полска во Советот за безбедност на ОН.

Со Ердоган во Полска допатуваа речиси 200 турски бизнисмени, а речиси исто толку и полски бизнисмени учествуваат на Деловниот форум во Варшава.

Ердоган најави дека бизнисмените ќе ги повика и ќе ги охрабри да ги интензивираат заедничките инвестиции.

Турскиот претседател Ердоган, исто така, истакна дека Полска го поддржува влезот на Турција во ЕУ, но оти тоа не се случило, иако Турција чека од 1963 година.

„Турција сѐ уште не е примена, иако во меѓувреме се примени многу земји коишто не можат во ништо да се споредат со Турција. Како премиер присуствував на самитите на лидерите и тогаш разговарав за 15 поглавја на преговорите, а потоа зголемија на 35 поглавја. Тоа го направија само за да го оневозможат влезот на Турција“, изјави Ердоган и го повика врвот на официјален Брисел отворено да каже дали има намера да ја прими Турција.

Укажувајќи на тоа дека на граѓаните од земјите на Латинска Америка не им требаат визи за влез во ЕУ, а на Турците им требаат, Ердоган изјави дека тоа е нечуено бидејќи Турција е преговарач за членство. Тој додаде дека документите за укинување на визите се потпишани уште од 2013 година.

„Да ја погледнеме искреноста на ЕУ и уште од еден аспект. Турција згрижи 3,5 милиони бегалци од Сирија и од Ирак и досега за нивните потреби потрошивме 30 милијарди долари. Од ЕУ добивме поддршка од 885 милиони евра, а ветија до јули минатата година дека ќе дадат три милијарди и уште три милијарди до крајот на минатата година. Ние уште сме тука, но ништо не стигна. Самостојно се бориме на тие луѓе да им помогнеме на сите начини, и тоа и понатаму ќе го правиме“, изјави Ердоган.

Денес делегациите на Полска и на Турција во Варшава потпишаа пет билатерални договори за соработка во различни сектори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın