Турција

Ердоган за кризата во Заливот: Позиција на Саудиска Арабија е клучна

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека позицијата на Саудиска Арабија во врска со кризата во Заливот е клучна и дека се надева дека овој проблем ќе биде решен до Бајрам

Cemal Coşkun  | 17.06.2017 - Обновена : 18.06.2017
Ердоган за кризата во Заливот: Позиција на Саудиска Арабија е клучна

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека позицијата на Саудиска Арабија во врска со кризата во Заливот е клучна и дека се надева дека овој проблем ќе биде решен до Бајрам, јавува Anadolu Agency (AA).

„Саудиска Арабија има клучна улога кога станува збор за кризата во Заливот. Нашиот министер за надворешни работи вчера престојуваше таму и се сретна со саудискиот крал Абдулазиз. Ние му ги пренесовме нашите поздрави и верувам дека како Саудиски крал има моќ за многу брзо време да го реши овој проблем. Нашата желба е ова прашање да се реши до Бајрам", рече Ердоган.

Тој додаде дека на исламскиот свет не му доликуваат вакви несогласувања, и дека муслиманите се должни овој и слични проблеми да ги решаваат преку заеднички дијалог.

„Ова во никој случај не се елементи кои едни на други претставуваат алтернатива или се косат едни со други. Ние во регионот имаме многу силни односи со сите земји, особено со Саудиска Арабија. И ние сме одлучни овој однос во наредниот период што повеќе да го продлабочиме и развиеме. Претприемачите од Саудиска Арабија и другите држави од Заливот, кои инвестираат во нашата земја, не треба да се грижат", порача турскиот претседател Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.