свет

Ердоган: Иднината ќе му припадне на африканскиот континент

„Иднината, се надевам, до крајот на овој век ќе му припадне на африканскиот континент. Важно е да се држиме до достоинството, да вложуваме напори и да не потклекнуваме...“

Burcu Arik  | 25.12.2017 - Обновена : 26.12.2017
Ердоган: Иднината ќе му припадне на африканскиот континент

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во текот на посетата на Судан изјави дека иднината ќе му припадне на африканскиот континент, јавува Anadolu Agency (AA).

„Иднината, се надевам, до крајот на овој век ќе му припадне на африканскиот континент. Важно е да се држиме до достоинството, да вложуваме напори и да не потклекнуваме. Како што не потклекнавме ниту во случајот со Кудс“, рече Ердоган.

Во своето обраќање на Универзитетот во Картум, главниот град на Судан, откако му беше доделена титулата почесен доктор на науки, претседателот Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да биде покрај суданскиот народ преку своите институции и организации.

Турскиот претседател истакна дека посебно побарал од суданскиот претседател Омар ал-Башир да ѝ дозволи на Турција да ги реставрира артефактите во пристанишниот град Суакин.

„Таму постојат џамии кои беа обновени од страна на ТИКА (Турската агенција за соработка и развој)“, додаде тој.

Суакин е едно од најстарите пристаништа во Африка, од каде што африканските муслимани тргнувале на аџилак во Саудиска Арабија.

Османлиите го користеа пристанишниот град за да го обезбедат Хиџаз - денешниот западен дел на Саудиска Арабија - од напаѓачите кои го користеа Црвеното Море.

Ердоган во своето обраќање спомена дека со претставниците на Судан разговарал и за отворање на суданско-турски универзитет.

„Во текот на оваа посета разговаравме за уште едно прашање. Станува збор за отворање на суданско-турски универзитет. По враќањето веднаш ќе започнеме со потребните активности во врска со ова прашање“, рече Ердоган.

Посетата на Ердоган, која е прва посета на турски претседател на Судан, беше поздравена од неговиот суданскиот претседател Омар ал-Башир, кој рече дека посетата ќе ги зајакне односите помеѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın