Турција

Ердоган-Мадуро: Турција сака сите земји од Латинска Америка да живеат во мир

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган по состанокот на конференцијата за медиуми изјави дека Турција сака сите земји од Латинска Америка да живеат во мир и благосостојба

Enes Kaplan  | 06.10.2017 - Обновена : 07.10.2017
Ердоган-Мадуро: Турција сака сите земји од Латинска Америка да живеат во мир

Ankara

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во претседателската палата во Анкара го прими претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган, по состанокот на конференцијата за медиуми изјави дека Турција сака сите земји од Латинска Америка да живеат во мир и благосостојба.

„Сакаме нашите односи, посебно трговските, да ги унапредиме во таа насока за да сите би имале корист од тоа", рече Ердоган.

Истакна дека не е исправно странските земји да се мешаат во внатрешните прашања на тој регион.

„Веруваме дека не постои сила над волјата на народот и мислиме дека надворешните интервенции во повеќето случаи уште повеќе ги комплицираат постоечките проблеми. Се надеваме дека проблемите кои во последно време се случуваат во Венецуела ќе бидат решени со дијалог и договор", рече Ердоган.

Напомена и дека за време на состанокот се потпишани пет договори за соработка, додавајќи дека е посебно изразена жеба дополнително да се интензивира соработката на двете земји во областите на енергетиката и трговијата.

Мадуро во обраќањето на новинарите рече дека неговата земја ќе отвори нова ера во односите со Република Турција.

„Ние веруваме во подобар свет и сметаме дека тоа е можно да се оствари. Тоа не само што е можно туку, тоа е потребно. Обликуваме нова ера во која светот ќе биде мултиполарен и во кој за секого ќе има место", рече Мадуро.

Додаде дека во таа насока сите култури и религии би требале да бидат почитувани и ценети.

„Во тој контекст, сите култури, политички и економски модели, како и сите вери треба да бидат ценети", порача Мадуро.

Освен состанокот на двајцата претседатели, во Анкара денеска се состанаа и делегациите на двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.