Турција

Ердоган на 16 и 17 мај во САД: Состанок со Трамп

На новинарско прашање за можен состанок со Трамп, Ердоган рече дека датумот за средба со претседателот на САД е веќе договорен

Ecenur Çolak  | 20.04.2017 - Обновена : 20.04.2017
Ердоган на 16 и 17 мај во САД: Состанок со Трамп

Ankara

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турцја Реџеп Таип Ердоган изјави дека на 16 и 17 мај ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

На новинарско прашање за можен состанок со Трамп, Ердоган рече дека датумот за средба со претседателот на САД е веќе договорен.

Датумот е веќе одреден. Мислам дека на 15 и 16 мај ќе ја посетам Кина. Од Кина ќе отпатувам во САД. Веројатно датумот на состанокот ќе биде на 16 или 17 мај", рече Ердоган.

На крајот изрази надеж дека посетата на САД ќе биде, како што рече, „корисна и целисходна".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın