Турција

Ердоган: Нема да дозволиме на нашата граница да се формира терористичка држава

Претседателот Ердоган имаше свое обраќање на церемонијата којашто по повод Рамазан Бајрам ја организираше Партијата на правдата и развојот (AK Parti)

Çiğdem Alyanak  | 25.06.2017 - Обновена : 26.06.2017
Ердоган: Нема да дозволиме на нашата граница да се формира терористичка држава AA/Arif Hüdaverdi Yaman

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул порача дека целиот свет треба да знае оти Турција никогаш нема да дозволи на нејзините граници, во северниот дел на Сирија, да се формира една терористичка држава, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган имаше свое обраќање на церемонијата којашто по повод Рамазан Бајрам ја организираше Партијата на правдата и развојот (AK Parti), чиј претседател е тој. Во таа пригода, претседателот Ердоган се осврна на актуелните настани.

„Со офанзивата 'Штитот на Еуфрат' го стопиравме обидот за формирање терористички коридор долж нашата граница со Сирија. За жал, земјите за кои зборуваме дека се наши партнери и пријатели, не ја сметаат за погрешна соработката со терористичките организации кои сакаат да нанесат штета на нашиот интегритет. Оние кои велат дека оружјето кое им го даваат на терористите ќе им го земат повторно и сметаат дека така ја измамиле Турција, порано или подоцна ќе сфатат каква грешка направиле, но тогаш веќе ќе биде доцна“, рече Ердоган, и додаде:

„Целиот свет нека знае, ние никогаш нема да дозволиме формирање на терористичка држава на нашите граници, во северниот дел на Сирија. Оние кои ги поддржуваат, тоа ќе го сфатат“.

Ердоган порача дека е „многу е близу денот кога оние кои ги хранат овие змии само поради тоа што на Турција ѝ нанесуваат штета, ќе се разбудат со истиот тој змиски отров во своите вени“.

Тој додаде дека турските сили, како што направија време на офанзивата „Штиот на Еуфрат“ заедно со Ослободителната војска на Сирија во Џарабулус, Раи, Дабик и Ал-Баб, на подрачје од 2.000 квадратни километри, истото ќе го направат и во следниот период.

„Откажување нема. Тоа и лично им го кажав. Бидејќи Турција не е земја-шатор, тоа нека го знаат сите. Да се биде заедно во рамките на НАТО, а од друга страна да се соработува со терористички организации, па каква работа е тоа? Тогаш треба повторно да го преиспитаме НАТО. Бидејќи, сето она што се случува се коси со политиката на НАТО и ја нарушува соработката во рамките на Сојузот“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.