Турција

Ердоган остро го осуди терористичкиот напад во Манчестер

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган најостро го осуди синоќешниот терористички напад во британскиот град Манчестер

Sibel Kurtoğlu  | 23.05.2017 - Обновена : 24.05.2017
Ердоган остро го осуди терористичкиот напад во Манчестер

Istanbul

АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, најостро го осуди синоќешниот терористички напад во британскиот град Манчестер, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сакам најостро да го осудам терористичкиот напад во британскиот град Манчестер. Како Турција, ја делиме болката со Велика Британија и со британскиот народ по нападот во кој, според досегашните информации, загинале 22 и ранети се 59 лица. Сакам исто така, да нагласам дека Турција е со Велика Британија кога е во прашање борбата против тероризмот, исто како што е и со другите земји“, рече Ердоган.

Турскиот претседател денес присуствуваше на свеченоста на дипломираните студенти на Медицинскиот универзитет во Истанбул, која се одржа во конгресниот центар „Халич“ во Истанбул.

Во таа пригоада, тој истакна дека младата и образована популација е најголемата сила на Република Турција, и на сите студенти кои го завршија факултетот и на нивните родители им го честиташе успехот.

„По патот до успехот води само вредна и посветена работа. Медицинската струка во тој контекст бара уште повеќе дисциплина и труд. Денешните дипломци од студентските клупи ќе преминат на работните места во струката и ќе ги користат сите знаења што ги стекнале во изминатите шест години“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател изрази надеж дека Медицинскиот факултет во Истанбул ќе продолжи со својата успешна работа, и соопшти дека државата на овој факултет во местото Хасдал му доделила 1,1 квадратен километар земјиште за проширување на капацитетот и можностите на таа високообразовна установа.

„Во овој комплекс ќе остане да работи само поликлиниката, а факултетот се сели во комплексот во Хасдал. Од една страна на патот ќе биде Медицинскиот факултет, а од другата страна ќе изградиме Универзитет за здравствени студии, кој се гради на околу 700.000 квадратни метри површина”, изјави Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın