Турција

Ердоган: ПКК/ПЈД не се грижи за иднината на нашите курдски браќа во Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека терористичката организација ПКК/ПЈД не се грижи за благосостојбата или иднината на курдскиот народ во Сирија

Satuk Buğra Kutlugün  | 03.12.2017 - Обновена : 04.12.2017
Ердоган: ПКК/ПЈД не се грижи за иднината на нашите курдски браќа во Сирија

Agri

АГРИ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека терористичката организација ПКК/ПЈД не се грижи за благосостојбата или иднината на курдскиот народ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во своето обраќање пред членовите на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) во источната турска област Агри, Ердоган истакна дека терористичката организација се користи како пион од страна на некои држави и сили, но дека тоа на крај ќе им се сруши на глава.

„Дали верувате дека ЈПГ/ПЈД во Сирија работи за доброто и за иднината на нашите курдски браќа?“, праша Ердоган. „Никогаш. Тоа не е случај“.

Тој истакна дека секогаш говори против злоупотребата на правата на курдскиот народ од страна на режимот на Башар ал-Асад.

„Го прашав уште во деновите кога бевме во добри односи, зошто не им дава (на Курдите) лични карти или пасоши. Асад никогаш не се грижеше за нив“.

Ердоган истакна дека ДЕАШ во Сирија е ист како и ЈПГ/ПЈД.

„Оној кој го создаде ДЕАШ и кој го вооружуваше, и кој предизвика масакр во земјата (Сирија), сега ја вооружува, ја контролира, ја води и ЈПГ/ПЈД“, рече тој, индиректно алудирајќи на САД.

Турскиот претседател додаде дека единствениот пријател на сирискиот народ е Турција.

Минатиот вторник, турскиот Совет за национална безбедност го означи етничкото чистење на терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија за неприфатливо.

Советот се состана под раководство на претседателот Ердоган во главниот град Анкара.

„Напорите на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ за спроведувањето на прикриено етничко чистење со менување на демографската структура на Сирија е против меѓународното право и против човековите права, и затоа тоа е неприфатливо“, се вели во соопштението објавено по состанокот.

Турција ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки на границата помеѓу Турција и Сирија со цел да ја осигура својата безбедност, објави советот.

ПКК/ПЈД е сириски огранок на терористичката мрежа ПКК, која води оружена кампања против Турција повеќе од 30 години. ПКК, ПИД и ЈПГ се една иста организација.

И покрај признавањето на ПКК како терористичка организација, САД ги третира ПКК / ПЈД / ЈПГ како сојузници во борбата против ДЕАШ, и покрај нивната поврзаност со ПКК, поткрепена со докази од страна Турција.

Откако ПКК ја започна својата терористичка кампања во Турција во 1984 година, убиени се десетици илјади луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın