Турција

Ердоган: САД и Турција можат заедно да го погребат ДЕАШ во Рака

„Ние тоа сакаме да го сториме со нашите американски пријатели, но да го правиме тоа без терористичките организации. Бидејќи, невозможно е со една терористичка организација да исчистиме друга", рече Ердоган

Sevil Çelik  | 29.04.2017 - Обновена : 30.04.2017
Ердоган: САД и Турција можат заедно  да го погребат ДЕАШ во Рака

Istanbul

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул порача дека со заеднички сили на САД, коалициските сили и Турција, терористичката организација ДЕАШ може да биде погребана во сириска Рака, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган зборуваше во Исаанбул на генералното собрание на турското Здружение на индустријалци и претприемачи, а во таа прилика се осврна на борбата против терористичката организација ФЕТО, како и на борбата против терористите на ДЕАШ во Сирија.

Зборувајќи за ФЕТО, Ердоган истакна дека сега е потполно јасно кој според заповедите на другите сили дејствува како предавничка мрежа, а кој од нив навистина дава напори за Божјото задоволство.

„Одлучни сме да ги искорениме сите предавнички мрежи. А на сите оние кои се врзани за својот народ и земја, кои работат за единство и заедништво на целиот исламски свет, нашите врати и срца се секогаш отворени”, изјави Ердоган.

Тој се осврна и на ситуацијата во Сирија, и изјави дека Турција е подготвена за заедничка акција на Рака, со коалициските сили на чело со САД и порача:

„Ние тоа сакаме да го сториме со нашите американски пријатели, но да го правиме тоа без терористичките организации. Бидејќи, невозможно е со една терористичка организација да исчистиме друга. Не се залажувајте. Нема добри и лоши терористички организации, сите тие се зло.”

Претседателот Ердоган потсети дека на 16 мај патува во посета на САД, каде ќе се состаен и со претседателот на оваа земја, Доналд Трамп.

„Ситуацијата е ваква. САД со своите коалициски сили и Турција можат да сторат Рака да биде погребно место за ДЕАШ. Ќе бараат дупка во која би можеле да се скријат. Исто така и Мосул, Анбар, таму треба да ја продолжиме борбата. Ако ја занемариме ситуацијата во Ирак и понатаму ќе имаме жртви. Што се случи во Телафер, Синџар. Спроведовме акција и таму се неутрализирани помеѓу 210 и 220 терористи”, нагласи Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın