Турција

Ердоган: Терористичките организации ФЕТО и ПКК делуваат заеднички

Ердоган во претседателската палата во Анкара ги прими членовите на здружението „Единство во судството“, а во таа пригода се осврна на актуелните случувања

Enes Kaplan  | 18.01.2017 - Обновена : 19.01.2017
Ердоган: Терористичките организации ФЕТО и ПКК делуваат заеднички

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека за да го отвори патот за дејствување на своите милитанти, терористичката организација ФЕТО ја користела поддршката што државата му ја давала на правосудството, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган во претседателската палата во Анкара ги прими членовите на здружението „Единство во судството“, а во таа пригода се осврна на актуелните случувања.

Тој изјави дека кога пред 14 години е преземена власта во Турција, беше порачано дека развојот на земјата ќе биде граден на четири главни темели, а тоа се образование, здравство, правда и безбедност.

„Навистина Турција во ова време се запозна со најголемите инвестиции во својата историја, најголеми проекти и направени чекори. Економијата на нашата земја тројно се зголеми, што е еднакво на економскиот раст остварен од основањето на модерна Турција. За време на последните 14 години вложувавме напори за да ги исполниме ветувањата што му ги дадовме на народот“, изјави Ердоган.

Тој се осврна и на борбата против тероризмот и нагласи дека терористичките организации ФЕТО и ПКК дејствуваат заеднички. Како што изјави тој, за да го отвори патот за дејствување на своите милитанти, терористичката организација ФЕТО ја користела поддршката што државата му ја давала на правосудството.

„На тој начин, терористичката организација ФЕТО не само што ги инфилтрираше своите членови и им го отвораше патот на своите милитанти, туку сериозно ја наруши нашата борба против пучистите, тероризмот и против секој вид на закана“, изјави Ердоган.

„Терористичките организации ФЕТО и ПКК работат заеднички, соработуваат. Има ли уште инфилтрирани (ФЕТО) во нашите безбедносни и правосудни структури? Има, и тие во сериозна мера им ја олеснуваат работата на терористичките организации. Меѓутоа, тие секојдневно венеат и се топат од институциите. Ќе се топат и понатаму, и ќе исчезнат“, појасни Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın