свет

Ердоган - Трамп: Одлично пријателство на Турција и САД

Лидерите изразија противење кон најавениот референдум кој на 25 септември планира да го одржи Курдската регионална управа на северниот дел на Ирак

İlkay Guder  | 22.09.2017 - Обновена : 22.09.2017
Ердоган - Трамп: Одлично пријателство на Турција и САД

Ankara

ЊУЈОРК (АА) - Претседателите на Турција и САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп на состанокот одржан синоќа во Њујорк ја истакнаа одлучноста во продолжението на борбата против сите терористички организации и го нагласија значењето на продолжувањето на соработката во врска со тоа, јавува Anadolu Agency (AA).

Лидерите изразија противење кон најавениот референдум кој на 25 септември планира да го одржи Курдската регионална управа на северниот дел на Ирак.

Американскиот претседател Трамп во изјава за новинарите по состанокот изјави дека САД и Турција имаат одлично пријателство.

Трамп изјави дека претседателот на Турција ја извршува својата должност во „тешкиот дел на светот.“

„И ако треба да зборуваме многу отворено, Реџеп Таип Ердоган има високи оценки на својот труд, соработува со САД и меѓу нашите земји постои прекрасно пријателство. Сметам дека сега сме поблиски од било кога и поголемиот дел од тоа може да бидеме благодарни на личните контакти", изјави Трамп и додаде:

„Голема чест и привилегија е да го познавам мојот пријател претседател Ердоган. Голема чест ми е да ве видам во САД“.

Ердоган во делот на состанокот отворено за медиумите изрази надеж дека неговиот состанок со американскиот колега Трамп ќе донесе позитивни ефекти како на односите на двете земји така и на случувањата во регионот во кој Турција и САД се наоѓаат.

„Верувам дека ќе има можности да разговараме како за регионалните така и за другите светски прашања“, изјави Ердоган.

Состанокот на двајцата претседатели зад затворени врати траеше речиси еден час.

На состанокот присуствуваа и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, генералот Хулуси Акар, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушогли, турскиот министер за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, амбасадорот на Турција во САД, Сердар Килич, шефот на турската разузнавачка служба Хакан Фидан, постојаниот претставник на Турција при ОН Феридун Синирлиоглу и портпаролот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.