Турција

Ердоган: „Турција со економскиот раст дава најдобар одговор“

„Турција со економскиот раст пружа најдобар одговор на сите кои настојуваат да ја прикажат за слаба“

Sena Güler  | 11.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Ердоган: „Турција со економскиот раст дава најдобар одговор“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) со последната одлука за Кудс станаа соучесник во крвопролевањето што се случува во тој град и во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).

По повод Денот на човековите права, во центарот „ATO Congresium“ во Анкара е организиран собир каде што свое обраќање имаше и турскиот претседател Ердоган.

Потсетувајќи на утринската вест од Заводот за статистика за растот на турската економија за 11,1 отсто во третиот квартал, Ердоган рече дека тоа е најдобар одговор за сите домашни и странски недобронамерници кои на Запад се обидуваат да создадат слика на една слаба Турција.

Ердоган истакна дека Денот на човековите права се одбележува во период кога тие права се погазени во многу делови од светот, а особено во Кудс, кој САД минатата недела го признаа како главен град на Израел.

Тој порача дека вандализмот и насилството што се спроведува во Кудс не може да трае вечно, а протагонистите на ова насилство, кои се сметаат за апсолутни сопственици на тој град, треба да знаат дека утре ќе нема да имаат каде да се сокријат.

„САД со одлуката за Кудс станаа соучесници во крвопролевањето. Ние не ја признаваме таа одлука, ниту пак ќе ја признаеме. Соопштувањето на Трамп не нѐ обврзува нас, ниту Кудс“, порача Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган, исто така порача дека оние кои ги загрозуваат животите на муслиманите и припадниците на другите религии во Кудс никогаш нема да можат да ја измијат крвта од своите раце.

„Прашањето за Палестина и Кудс е лакмусова хартија. Оние кои во однос на тоа прашање не се угнетени, немаат право да зборуваат кога станува збор за глобалниот мир“, рече Ердоган.

Укажувајќи на големите напори кои ги вложува Турција во згрижувањето на милиони бегалци од Сирија, Ирак и од другите земји, Ердоган рече дека Турција е најзаслужна за светска награда за грижа за бегалците, кога би се доделувала таква награда.

„Никој нема право да преиспитува зошто во нашата земја ги згрижуваме загрозените и угнетуваните“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın