свет

Жените и децата, најголеми жртви на насилствата во Аракан

Во разговор за Anadolu Agency (AA) во врска со нивните потешкотии, како и за тоа каква иднина посакуваат за нивните новороденчиња, сите мајки го дадоа истиот одговорот, дека посакуваат нивните новороденчиња да преживеат

Ekip  | 16.10.2017 - Обновена : 17.10.2017
Жените и децата, најголеми жртви на насилствата во Аракан

Coks Bazar

КОКС БАЗАР (АА) - Најголеми жртви на прогонот и насилствата од страна на мјанмарската војска и будистичките националисти во мјанмарската држава Аракан се жените и децата, јавува Anadolu Agency (AA).

Поголемиот дел од араканските жени-муслиманки кои успеале да го преживеат тешкото патешествие и пристигнале на границата со Бангладеш, во себе ги носат страотните приказни засилувањата, масакрите врз цивилното насление и палењето на селата во кои живееле.

Рохинџа муслиманите кои од страна на владата на Бангладеш привремено се сместени во камповите во подрачјето на Кокс Базар, овојпат се соочуваат со поташкотии, како што се глад и заразни болести.

Стотици Рохинџа жени се примерени да се пораѓаат под вакви нездрави и тешки услови. По палењето на селата голем број жени се породија во камповите во кои се сместени.

Во разговор за Anadolu Agency (AA) во врска со нивните потешкотии, како и за тоа каква иднина посакуваат за нивните новороденчиња, сите мајки го дадоа истиот одговорот, дека посакуваат нивните новороденчиња да преживеат.

Според податоците објавени од страна на здравствените органзации во Бангладеш, 18.523 бремени жени и 42.541 деца, муслимани од Аракан, кои избегале во Бангладеш се соочуваат со сериозни здравствени проблеми.

Податоците на ОН покажуваат дека поради акциите кои Мјанмар ги води од 25 август во Аракан, во Бангладеш побегнале околу 536.000 аракански муслимани.

Во нападите настрадаа илјадници муслимани, а точниот број на жртвите не може да се утврди поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез ниту излез од споменатото подрачје.

Мјанмарската војска и екстремистичките будисти запалија или во потполност уништија околу 200 села. Муслиманите од Аракан настојуваат преку планинското подрачје, реката Наф или преку море да преминат во Бангладеш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın