свет

Земјотрес со јачина од 7,9 степени го потресе Пацификот

Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) јавува дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно до градот Пангуна, на островот Бугенвил во Папуа Нов Гвинеја

Nazlı Yüzbaşıoğlu, Ayşe Aktaş  | 22.01.2017 - Обновена : 22.01.2017
Земјотрес со јачина од 7,9 степени го потресе Пацификот

Ankara

КАНБЕРА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,9 степени по Рихтер ја погоди денес пацифичката држава Папуа Нова Гвинеја, јавува Anadolu Agency (AA).

Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) јавува дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно до градот Пангуна, на островот Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја.

Потресот се случил на длабочина од околу 136 километри и не предизвикал човечки, ниту материјални губитоци.

Канцеларијата за предупредување од цунами на Пацификот предупреди од можна појава на цунами на поширокото подрачје на регионот кој ги опфаќа Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови, Науру, Понпеј, Косрај, Вануату, Чук и Индонезија. Предупредувањето неколку часа подоцна беше повлечено.

Директорот на Обзерваториумот за геологија во Папуа Нова Гвинеја, Крис Мек Ки, изјави дека епицентарот на земјотресот бил на голема длабочина и дека тој факт ја отстранил можноста од цунами во регионот.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во таканаречениот Огнен пацифички појас кој е познат по честите земјотреси и активни вулкани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın