Турција

Иванов се состана со претседателот на турскиот Парламент, Кахраман

„Уште истото утро, без чекање, отворено покажавме дека го поддржуваме и дека стоиме покрај раководството на Турција кое е избрано по демократски пат“, рече Иванов

Coşkun Ergül  | 20.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
Иванов се состана со претседателот на турскиот Парламент, Кахраман

TBMM

АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Исмаил Кахраман, во Анкара се сретна со претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, јавува Anadolu Agency (AA).

Во салата на Претседателскииот совет на Собранието во Анкара се одржа средба меѓу Кахраман и претседателот Иванов. Македонскиот претседател го истакна своето задоволство од посетата на турскиот Парламент.

Иванов истакна дека турската војска се бори за единство на татковината и заштита на достоинството, но за жал во таа борба дава и жртви, и го изрази своето сочувство за загинатите турски војници.

Изразувајќи го своето жалење поради предавничкиот обид за државен удар, спроведен на 15 јули 2016 година, Иванов изјави: „Уште истото утро, без чекање, отворено покажавме дека го поддржуваме и дека стоиме покрај раководството на Турција кое е избрано по демократски пат“.

По дадените изјави, средбата продолжи зад затворени врати.

Претходно, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов се состана со турскиот премиер Бинали Јилидирим, при што упати благодарност до Турција за поддршката во напорите на Р. Македонија кон евроатлантските интеграции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.