свет

Идлиб: Дете загина во воздушен напад, 4 цивили повредени

„Едно дете загина во воздушниот напад извршен во утринските часови во подрачјето Хазано од страна на воените авиони. Четири лица загинаа од кои две деца и две жени“, истакна Мустафа Хаџ Јусуф, директор на Цивилната заштита во Идлиб

Eşref Musa, Burak Karacaoğlu  | 17.02.2018 - Обновена : 18.02.2018
Идлиб: Дете загина во воздушен напад, 4 цивили повредени ( Foto: Ahmet Hatib/AA)

İdlib

ИДЛИБ (АА) - Во подрачјето Хазано во сирискиот град Идлиб е извршен воздушен напад, при што загина едно дете, додека 4 цивили се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).

„Едно дете загина во воздушниот напад извршен во утринските часови во подрачјето Хазано од страна на воените авиони. Четири лица загинаа од кои две деца и две жени“, истакна Мустафа Хаџ Јусуф, директор на Цивилната заштита во Идлиб.

Хаџ Јусуф нагласи дека поради нападите избувнал пожар кој потоа бил изгаснат од страна на тимовите на Цивилната одбрана.

Зоната без судири во Идлиб, во последните два месеца е изложена на воздушни напади на режимот, и одвреме навреме на напади на Русија.

Градот Идлиб, кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција, на состанокот одржан на 4 и 5 мај 2017 година во Астана беше прогласен за зона без судири од страна на Турција, Русија и Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın