свет

Израелската полиција рани 13 Палестинци во близина на џамијата Ал Акса

Најмалку 13 Палестинци се повредени синоќа, кога израелската полиција употреби солзавец и гумени куршуми против верниците во комплесот на џамијата Ал Акса

Ayşe Hümeyra Atılgan  | 26.07.2017 - Обновена : 26.07.2017
Израелската полиција рани 13 Палестинци во близина на џамијата Ал Акса

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку 13 Палестинци се повредени синоќа, кога израелската полиција употреби солзавец и гумени куршуми против верниците во комплесот на џамијата Ал Акса, соопшти палестинската Црвена полумесечина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Верниците ја извршуваа својата вечерна молитва кога израелската полиција интервенираше на еден од влезовите на џамијата, што е последна ескалација на насилствата откако израелските власти ги воведоа новите безбедносни мерки на тоа место, свето за припадниците на муслиманската вероисповед од целиот свет.

Кризата ескалираше минатата недела, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, што резултираше со општ метеж во којшто беа повредени повеќе лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата. Израелската полиција по овој настан издаде наредба да се затвори комплексот Ал Акса.

Локалното население не можеше да влезе во комплексот Ал Акса од петокот до понеделникот, а минатата недела израелските сили на влезовите од комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал. Локалните Палестинци протестираа поради овој потег на израелската власт и одбија да влезат во комплексот, а своите молитви ги извршуваа пред објектот.

По упатените критики и притисоци од страна на меѓународната јавност, израелските власти во понеделникот, доцна навечер ги отстранија детекторите за метал пред влезовите на џамијата Ал Акса.

Во соопштението на израелскиот Совет за безбедност се наведува дека детекторите за метал ќе бидат заменети со напредна технологија, т.е. со други мерки за претпазливост.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın