свет

Изјавата на Трамп за Шведска поттикната од телевизиска приказна за мигрантите

„Погледнете што се случува во Шведска. Во Шведска, кој би поверувал? Шведска прими голем број. Се соочија со проблеми што не можеа ни да ги замислат“...

Uğur Çil  | 20.02.2017 - Обновена : 21.02.2017
Изјавата на Трамп за Шведска поттикната од телевизиска приказна за мигрантите

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека неговата изјава од митингот во саботата за „тоа што се случува во Шведска“, е инспирирана од приказната што тој ја гледал на теливизијата „Фокс њуз“ за мигрантите и за Шведска, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако амбасадата на Шведска во Вашингтон испрати барање до Министерството за надворешни работи на САД да даде објаснување за изјавата на претседателот на САД во врска со она што се случува во Шведска, Трамп се огласи на социјалната мрежа „Твитер“.

„Ние мораме да ја чуваме нашата земја безбедна. Погледнете што се случува во Германија. Погледнете што се случува во Шведска. Во Шведска, кој би поверувал? Шведска прими голем број. Се соочија со проблеми што не можеа ни да ги замислат. Погледнете што се случува во Брисел. Погледнете што се случува низ светот. Погледнете ги Ница и Париз“, рече претседателот на САД, Доналд Трамп во саботата во Флорида.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Шведска, Катарина Акселсон, во неделата изјави дека Шведска сака да знае што сакал да каже Трамп во споменатата изјава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.